Нова ПР платформа за македонската музика – ПромоСтејџ: 100% премиум македонска музика

Македонската музичка сцена деновиве ќе ја добие првата професионална ПР агенција, специјализирана за музичка промоција, следење на настани, маркетинг стратегија, промоција на новио аудио и видео музички остварувања...

nova-pr-platforma-za-makedonskata-muzika-promostejdz-01.jpg

ПромоСтејџ е името на новата музичка платформа која ќе поддржува македонска музика и истата ќе ја промовира на македонскиот и регионален медиумски простор.

Македонската музика за жал е на маргините. Причини има милион, решение само едно. Не навлегуваме во тоа кој е крив што домашната музичка сцена е во пад, но сакаме да навлеземе целосно во идејата да ја вратиме онаму каде што беше... златните 90ти години и годините потота... Имаме добри артисти, музичари, групи, композитори, текстописци.. ни фали само пристојна стратегија и медиумски по агресивен настап... во доба на интернет, социјални медиуми, YouTube и традиционални медиуми немаме причини за кревање раце – велат од ПромоСтејџ

ПромоСтејџ покрај на интернет просторот, редовно ќе ги храни со нови музички информации и традиционалните медиуми. Новинарите од печатените медиуми, радијата и телевизиите постојано ќе бидат обезбедени со најнови информации за проектите во домашната музика... преку колегите – новинари од сите медиуми во Македонија, слушателите и гледачите ќе можат во секое време да бидат информирани што се случува во музичкиот простор кај нас.. за прв пат кај нас ќе се изработуваат и специјални стратегии за настап на музичкиот пазар на веќе оформени музички имиња, а ќе се даде простор и шанса на нови надежи...

nova-pr-platforma-za-makedonskata-muzika-promostejdz-02.jpg

ПромоСтејџ ќе биде комплетна специјализирана музичка ПР агенција која ќе поддржува 100% премиум македонска музика. Ќе ги обединува артистите и бендовите од различни музички категории и ќе овозможи професионално следење на нивната работа... првите музички проекти се веќе во подготовка.. следуваат нови информации наскоро...

Би можело да ве интересира:

Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...

Најчитани неделава