Од 21 јуни наместо ТВ програми може да има темни екрани – која е причината?

Во нашата земја постои можност наместо ТВ програми со информативни и забавни содржини да има темни екрани и информативен мрак.

od-21-juni-namesto-tv-programi-mozhe-da-ima-temni-ekrani-koja-e-prichinata-01.jpgфото: depositphotos.com

Веќе неколку месеци во земјава, операторите на електронски комуникациски услуги кои вршат реемитување на телевизиски содржини од домашни и странски радиодифузери, наидуваат на тешкотии и предизвици во работата заради измените на законската и подзаконската регулатива за реемитување и регистрација на програмски сервиси.

Според информациите кои стигнаа до нашата редакција, можно е од 21 јуни да нѐ очекува информативен мрак, односно граѓаните да немаат можност да ги следат националните и странски ТВ програми заради нивни целосен прекин.

Причината за ова е протест предизвикан од револт заради Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој е донесен на 16.02.2020 кога беше распуштено Собранието, а на операторите им се наметна обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие само ги реемитуваат, а не ги произведуваат, па со тоа операторите не можат да имаат контрола ниту одговорност за регулираните авторски права на сите поединечни програми кои ги емитуваат телевизиите.

Операторите неколку месеци укажуваа на овој проблем, а покрај многуте апели, жалби, иницијатива поднесена до Уставниот Суд, ситуацијата не се промени, туку напротив, со Уредба донесена од Владата на 29.05.2020-та, им се предвидува обврска за регистрирање на сите веќе регистрирани странски програмски сервиси во рок од 60 дена, кој истекува на 08.08.2020.

Според дописот до кој дојдовме, заради неможност тоа да се случи во рок од 60 дена, операторите предупредуваат дека доколку во брзо време не се направат промени во Уредбата, по истекот на овој рок, ќе треба да се исклучат голем број странски ТВ канали, што заради економска неодржливост ќе резултира со комплетно згаснување на реемитување на многу програмски содржини.

Со тоа, постои опасност од целосно исклучување на услугите за реемитување на телевизиските содржини и настанување на медиумски мрак, со што ќе се вратиме назад во времето.

„Од тие причини, на 21.06.2020 година, принудени сме да започнеме со временски прекини во реемитувањето на ТВ програми во знак на протест заради неодржливоста на сегашната правна рамка и наметнатите неуставни обврски. За време на прекините на екранот ќе ја испишеме причината за истото со цел да ги запознаеме нашите корисници и општата јавност со она што ги очекува на почетокот на август оваа година како резултат на донесената Уредба.“ – стои во писмото.

Со овој сериозен проблем и предупредување за можен медиумски мрак, преку протестно писмо се запознаени техничкиот премиер на Владата, Спасовски, Министерот за информатичко општество и администрација, Манчевски, претседателот Стево Пендаровски, Претседателот на собранието, Џафери, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата за електронски комуникации, Делегацијата на ЕУ, Амбасадата на Сојузина Република Германија, на Република Австрија, на САД и на Мексико.

Во дописот е напоменато дека операторите се отворени за соработка на темата како и претходно, и предлагаат конкретна измена на подзаконските акти во надлежност на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Имено, предлагаме измена на Упатството за постапката за утврдување на одговорноста за сторена повреда или прекршување при реемитување на програмски сервиси на радиодифузери од друга држава со додавање на соодветна процедура што ќе ја официјализира постапката на затемнување на секоја содржина реемитувана од странски радиодифузер за која национален радиодифузер ќе не извести дека поседува ексклузивни и/или приоритетни права за реемитување на територијата на Р. С. Македонија.“ – стои во писмото.

Ќе успеат ли операторите и Владата да најдат заедничко решение или ќе се соочиме со информативен мрак?

Би можело да ве интересира:

Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Јелена Јованова прослави 10 години во брак, Лара Иванова го покажа дечкото: Што прават нашите ѕвезди... Бока Конга сподели неколку фотки од плажа и го покажа мускулестото тело, а фотог...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Тамара Тодевска ѝ ги дупна ушите на ќерка си, Aна Исаиева блеска како некогаш: Што прават нашите ѕве... Моделот Ангела Василевска ужива во Тајланд и се гали со слонови, пејaчката Тамар...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава