За сè што ви е важно - нов потрошувачки кредит од Халкбанк со 5% фиксна каматна стапка за првите три години

Потрошувачки кредит со намалена каматна стапка од само 5% фиксна за првите три години и со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување е новиот производ на Халкбанк со кој Банката излегува во пресрет на граѓаните во новонастанатата состојба.

za-se-shto-vi-e-vazhno-nov-potroshuvachki-kredi-od-halkbank-01.jpg

Максималниот износ на кредитот е 1.500.000 денари, а рокот на враќање е до 10 години. За остатокот од рокот за отплата се пресметува 5,5% варијабилна каматна стапка (референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментот на склучување договор изнесува 1,5 % зголемена за 4 пп).

Кај овој производ, провизијата за обработка на кредитот е 0%, а провизија не е предвидена ниту за предвремена отплата на кредитот. Единствен трошок се 150 денари за апликација за кредитот и 350 денари за проверка во Кредитно биро кои се наплаќаат само за одобрен кредит и тоа пред исплата на одобрените средства.

Годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) која зависи од износот на кредитот, рокот за негово враќање, износот на трошоците, висината на договорната каматна стапка и висината на полисата, кај кредит од 600.000 денари, рок на отплата 120 месеци и каматна стапка 5% фиксна за првите три години, односно 5,5% променлива за остатокот на периодот е 5,38% (во пресметката не е вклучена полисата за осигурување).

Новиот потрошувачки кредит како целина вклучува и пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје наменета за осигурување на потрошувачки кредити, а ги содржи следните покритија и опфатени ризици:

НЕМОЖНОСТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА КРЕДИТИ – смрт од било која причина, смрт од незгода.

ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА – траен инвалидитет над 30%.

Новиот потрошувачки кредит на Халкбанк е ненаменски и може да се користи за најразлични потреби, како и за рефинансирање постојни кредити во други банки. Токму затоа, „за сè што ви е важно“ тука е Халкбанк.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Миа Костова за изгледот: „Првпат ставив ботокс на 30 години, се каам за некои импулсивно ставени тет... „Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат. ...

Најчитани неделава