Состојба до 20.06.2020: Потврдени се 185 новозаболени и дури 11 починати

Бројот на новозаболени и починати за жал не се намалува... Денешната состојба во продолжение.

sostojba-do-20-06-2020-potvrdeni-se-185-novozaboleni-i-duri-11-pochinati-01.jpg

Во последните 24 часа се направени 1364 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 96
- Куманово 2
- Дебар 18
- Штип 4
- Прилеп 1
- Тетово 14
- Струга 20
- Велес 2
- Битола 2
- Охрид 7
- Кавадарци 2
- Гостивар 2
- Крива Паланка 1
- Пробиштип 1
- Свети Николе 2
- Кичево 3
- Ресен 8

Починати се 11 лица, осум од Скопје, еден пациент од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починаа осум лица-пациент (53г) примен на 17 јуни, пациент (66г) примен на 5 јуни, пациент (67г) примен на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 10 јуни, пациентка (73г) примена на 9 јуни, пациент (62г) хоспитализиран на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 13 јуни и пациент на (76г).

Во ОБ Куманово почина пациент (78г) хоспитализиран на 12 јуни. Во КБ Штип почина пациент (63г) примен на 18 јуни, во Тетово почина пациентка (62г), потврдена позитивна на 17 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент.

- Скопје 29
- Куманово 1
- Штип 4
- Тетово 2
- Велес 4
- Гостивар 1

Досега во земјата се направени вкупно 50.384 тестирања на ковид-19. Во рамките на скринингот се направени 77 теста во градинки во Штип и нема позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5005, бројката на оздравени пациенти е 1904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2868.

sostojba do 20 06 2020 potvrdeni se 185 novozaboleni i duri 11 pochinati 01 copy copy

Би можело да ве интересира:

Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...
Боби од Скопје цела година го фотографирал Сонцето во исто време, од исто место – резултатот е соврш... „Одамна ме привлекуваа фотографиите на сончева аналема, онаа убава крива во обли...
Потег за почит! Градинарот Андреј (25) сам расчистува делови од Скопје: „Чистам 2-3 пати неделно, мн... Состојбата на некои места во Скопје допринесе за тоа да почнам сам да расчистува...
Групација за производство на цигари при Стопанската комора: Предложениот закон за заштита од пушење ... Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производител...
Јана Стојановска емотивно се потсеќа на починатиот татко Ненад: „Ти и јас напред у кола, Bijelo Dugm... „Позади Ана и мама... ти и ја напред у кола... пука Bijelo Dugme  на касета...
Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патека кој... Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:...

Најчитани неделава