Вистинска понуда во вистинско време – потрошувачки кредит од Халкбанк со камата од 5% фиксна за првите три години

Новиот потрошувачки кредит на Халкбанк со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје кој е со каматна стапка од само 5% фиксна за првите три години, е идеален за финансирање на најразлични потреби на граѓаните во овој посткризен период.

potroshuvachki-kredit-nod-halkbank-so-kamata-od-pet-procenti-fiksna-za-prvite-tri-godini-01.jpg

Со новиот кредит, Халкбанк излегува во пресрет на сите оние кои, во време кога животот почнува постепено да се враќа во нормала, имаат потреба од средства за задоволување важни потреби. Овој производ е идеален и за рефинансирање на постојни кредити во други банки, со што се добива и значително намалување на месечните рати.

За овој кредит, максималниот износ на одобрени средства е 1.500.000 денари, а рокот на враќање може да биде до 10 години. За остатокот од рокот за отплата се пресметува 5,5% варијабилна каматна стапка (референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментот на склучување договор изнесува 1,5 %, зголемена за 4 пп).

Новиот производ e со ниска стапка на вкупни трошоци и нема трошоци за обработка на кредитот, а единствено што се наплаќа е 150 денари за апликација за кредитот и 350 денари за проверка во Кредитно биро, доколку кредитот е одобрен, и тоа пред исплата на одобрените средства.

„Потрошувачките кредити секогаш се најбарани производи бидејќи служат за задоволување на најразлични потреби – купување добра, плаќање различни услуги или едноставно за пребродување на одредени периоди во животот, каков што впрочем е сегашниот, како последица од кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19. Со оглед дека и државата со низа мерки настојува да овозможи поголемо кредитирање токму со цел да му се помогне на населението, и ние во Халкбанк го креиравме новиот производ – Потрошувачки кредит со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје со ниска каматна стапка од само 5% која е фиксна за првите три години. Во денешно време е тешко да се обезбедат жиранти или кокредитобаратели со кои вообичаено се обезбедува кредитот, па затоа кај овој производ го вклучивме пакетот полиса за осигурување од Халкбанк Осигурување, како дополнителна сигурност на граѓаните во отплатата“, велат од Халкбанк.

Пакетот полиса за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје е наменет за осигурување на потрошувачкиот кредит и обезбедува покритие во случај на неможност за враќање на кредитот (во случај на смрт од било која причина, смрт од незгода), како и при траен инвалидитет (над 30%) во случај на незгода.

За новиот потрошувачки кредит од Халкбанк не е предвидена наплата на никаква провизија во случај на негова предвремена отплата.

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...

Најчитани неделава