Зошто 10 милиони луѓе се одлучија за електронските уреди кои не го согоруваат тутунот

Тутунските компании на светско ниво континуирано развиваат нови производи, меѓу кои и електронски цигари и производи кои не го горат, туку го загреваат тутунот, а кои целосно ја менуваат веќе постоечката состојба на пазарот на производи од тутун во светот. Важно е да се напомене дека сите овие производи се наменети само за возрасните пушачи кои сакаат да направат промена и ќе се одлучат за ваков вид алтернативен производ, а инаку би продолжиле да пушат.

zoshto-10-milioni-lugje-se-odluchija-za-elektronskite-uredi-koi-ne-go-sogoruvaat-tutunot-01.jpg

Неодамна дури и американската Агенција за храна и лекови (ФДА) препозна еден таков електронски уред, IQOS кој го класифицираше како производ со модифициран ризик и даде дозвола потрошувачите да се информираат за намалената изложеност на штетни материи при користење на овој уред што е во согласност со промоцијата на јавното здравје. Така ајкос е првиот и единствен електронски производ со ваков статус.

IQOS уредите на тутунскиот гигант Филип Морис се револуционерно решение изработено со помош на најсовремената технологија. Во изминатите 10 години, како резултат на обемните инвестиции во наука и иновации и преку 430 ангажирани врвни научници за развој на овој производ, компанијата постигна огромен успех во поставувањето нови стандарди во работењето и напредокот кон визијата за свет без чад каде заклучно со април 2020 вкупниот број на IQOS корисници надмина 10 милиони ширум светот. Овој електронски уред, го загрева, но не го согорува тутунот.

За разлика, чадот од цигарите, кој се добива при согорувањето, содржи повеќе од 6000 хемикалии кои се опасни за пушачите, непушачите и околината. Основен причинител на болестите поврзани со пушењето се всушност најголем дел од овие хемикалии и за да се намали изложеноста на истите неопходно е да се избегне согорувањето на тутунот.

Долгорочната изложеност на чадот од цигарите при пушењето го зголемува ризикот од болести поврзани со пушењето. Поедноставно кажано, колку подолго некој пуши толку е поголема веројатност и ризикот од болест. Се разбира, целосното откажување од цигарите е најдобриот чекор, но за оние кои не сакаат или не можат да се откажат од пушењето, што поскоро префрлање на алтернативен производ со намален ризик може да биде вистински потег.

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Дамјан (5) од Штип е мал географски гениј - ги знае сите знамиња, ги црта границите на државите без ... „Неодамна, вртејќи го глобусот ми рече: „Мама, мене светот ми е многу мал“. ...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...

Најчитани неделава