There are not feed items to display.
  • Check if RSS URL is online
  • Check if RSS contains items


Реновирани сите 19 мостови во вториот дел на Градски парк со донација од Халкбанк кон Град Скопје

(Скопје, 22.07.2020) - Во Градскиот парк во Скопје денеска се официјализираше завршувањето на проектот за реновирање на 19 пешачки мостови. Овој проект беше изведен како донација од Халкбанк АД Скопје кон Град Скопје. Истиот е во рамки на ХалкЕко платформата на банката, а е со вредност од над 2.000.000 МКД. Мостовите кои се наоѓаат во вториот дел од Градскиот парк и од кои голем број беа дотраени и руинирани се обновуваат целосно првпат по неколку децении.

renovirani-site-19-mostovi-vo-vtoriot-del-na-gradski-park-so-donacija-od-halkbank-kon-grad-skopje-01.jpg

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов упати голема благодарност до Халкбанк како општествено одговорна компанија што излезе пресрет на Град Скопје за да се спроведе реновирањето на мостовите и со тоа да ги направи подостапни за сите граѓани кои уживаат во времето поминато во Градскиот парк.

renovirani-site-19-mostovi-vo-vtoriot-del-na-gradski-park-so-donacija-od-halkbank-kon-grad-skopje-02.jpeg

Според Билал Суџубаши, првиот човек на Халкбанк, во агендата на општествено одговорни активности на банката еден од приоритетите е поддршката на активности што придонесуваат за здрави животни навики и заштита на животната средина.

“Градскиот парк е сигурно најубавото место во Скопје, зелена оаза, место за прошетки, за спортување, рекреирање и уживање на граѓаните. Бидејќи како банка настојуваме со нашите општествено одговорни активности да поттикнеме здрави животни навики и да придонесеме за заштита на природата, со задоволство прифативме да помогнеме на Град Скопје во реализација на проектот за реновирање на 19 мостови во вториот дел од паркот. Ова е втора активност која со наша поддршка ја спроведува Град Скопје, минатата година ја поддржавме кампањата за бесплатно подигање на остатоците од бербата за да се спречи палењето на стрништата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување.

Ова се само дел од активностите во оваа насока кои ние ги поддржуваме. Неодамна го поддржавме организирањето на првата трка „HalkEco хронометар 10 километри“, што беше и прв спортски настан организиран во време на пандемијата на КОВИД-19, кој покажа дека и во вакви услови, со добра организација, може безбедно да се организираат спортски настани. И тука е секако и нашата апликација HalkEco со која со низа подароци и бенефиции ги поттикнуваме граѓаните да трчаат, пешачат, возат велосипед или тротинет и на тој начин да обезбедуваат садење нови дрвја. Благодарение на корисниците на апликацијата, Халкбанк веќе засади стотици дрвја во многу училишни дворови низ земјава, а изврши и пошумување на дел од падините околу езерото Младост кај Велес кои изгореа во пожар минатата година”, истакна Суџубаши.

renovirani-site-19-mostovi-vo-vtoriot-del-na-gradski-park-so-donacija-od-halkbank-kon-grad-skopje-03.jpeg

Обновата на мостовите што започна на крајот на април, опфати замена на дрвените подови со нови, поквалитетни материјали отпорни на климатските влијанија, премачкување на металните површини со боја за заштита од корозија, поставување рампи и други зафати со што тие станаа  пред се побезбедни за користење, подолготрајни и естетски поубави.

renovirani-site-19-mostovi-vo-vtoriot-del-na-gradski-park-so-donacija-od-halkbank-kon-grad-skopje04.jpeg

renovirani-site-19-mostovi-vo-vtoriot-del-na-gradski-park-so-donacija-od-halkbank-kon-grad-skopje05.jpeg

renovirani-site-19-mostovi-vo-vtoriot-del-na-gradski-park-so-donacija-od-halkbank-kon-grad-skopje06.jpeg

renovirani-site-19-mostovi-vo-vtoriot-del-na-gradski-park-so-donacija-od-halkbank-kon-grad-skopje07.jpeg

renovirani-site-19-mostovi-vo-vtoriot-del-na-gradski-park-so-donacija-od-halkbank-kon-grad-skopje08.jpeg

renovirani-site-19-mostovi-vo-vtoriot-del-na-gradski-park-so-donacija-od-halkbank-kon-grad-skopje09.jpeg

Би можело да ве интересира:

Градскиот трговски центар во Скопје блесна во новогодишно руво (фото) Со бели и сини сијалички, елки и светлечки завеси, ГТЦ е во празнично издание во...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg