Промените кои го движат светот

Светски тренд во секоја индустрија се иновациите. Во развиените економии на иновациите им се посветува особено внимание, а иновативноста е високо на скалата на вредносните системи. За највреден ресурс на компаниите не се сметаат материјалните добра, туку знаењето, искуството и иновативноста содржани во индустриската традиција. Во услови на жестока конкуренција и заситен пазар, компаниите кои не иновираат - стагнираат, а стагнацијата е вовед во нивно исчезнување.

promenite-koi-go-dvizhat-svetot-02.jpg

Деловниот пејзаж е преполн со приказни на огромни компании кои пропаднаа поради недостиг на иновации, неприлагодување на технолошките промени и непрепознавање на новите трендови кај потрошувачите. Kodak, Nokia, Blackberry, Motorola, General Motors, Polaroid, Blockbuster и Yahoo, се само некои од познатите светски гиганти и брендови кои не успеале да се прилагодат на новите барања на потрошувачите. Веројатно компаниските стратегии на овие компании долго време ќе се изучуваат на предметите по менаџмент на бизнис школите ширум светот.

На другата страна се оние кои ги следат новите трендови и се во чекор со промените кои се случуват во општеството, како на пример Amazon, Microsoft, Apple, Тesla,  Dell,  Netflix, Samsung кои знаеjа да го искористат моментот кој ги вивна високо на скалилото на успешноста во светски рамки. Реномираната консултантска куќа Boston Consulting Group ги препознава вториве за најиновативни компании во светот во 2020 година.  

Меѓу овие вториве – иновативни компании спремни да одговорат на промените и барањата на потрошувачите, секако е и најголемата тутунска компанија во светот Филип Морис Интернешнл (ФМИ) која во 2020 година ја доби и наградата најиновативна компанија за 2020 година од страна  на Business Inteligence Group.

Оваа компанија која потекнува од исклучително традиционален сектор, пред 4 години ја најави својата визија кон свет без тутунски чад каде предвесник е електронскиот уред IQOS кој го загрева, а не го согорува тутунот. Најавата од Филип Морис за сопствена трансформација и насочување кон иднина без чад пред неколку години беше вистинско изненадување за аналитичарите ширум светот. Денес, само неколку години подоцна, на уредот со несогорлив тутун IQOS веќе имаат преминато над 11,2 милиони пушачи во светот. А трендот на откажување од цигарите и преминување на помалку штетниот уред кој не го гори, туку само го загрева тутунот, подолжува со засилено темпо, каде визијата на компанијата е дека до 2025 година овој уред ќе има 40 милиони корисници.

promenite-koi-go-dvizhat-svetot-01.jpg

IQOS е осмислен и развиен со желба да им овозможи на возрасните пушачи, кои и покрај сите предупредувања за здравствените ризици сакаат да продолжат да пушат, да имаат на располагање помалку штетна алтернатива.  Уредот тоа го овозможува со технологијата на загревање на тутунот, со што се избегнува создавање огин, чад, пепел и миризба карактеристична за цигарите, а на која над една деценија работеше тим од над 400 врвни експерти ангажирани од ФМИ. Кај IQOS, со оглед дека не постои процес на согорување, нивоата на штетни супстанци се значително намалени во споредба со чадот од цигарите.

Колкав потенцијал има IQOS најдобро покажува неодамна направеното истражување на еминентни американски и канадски универзитетски професори од Медицинскиот унверзитет во Чарлстон и Универзитетот во Отава чии резултати укажуваат на поврзаноста на драстичниот пад на продажбата на цигари во Јапонија од 2016 година наваму со растот на продажбата на уредите кои го загреваат, а не го согоруваат тутунот. Како што наведуваат авторите, замената на цигарите со ваквите уреди има голем потенцијал да влијае на подобрување на јавното здравје и да ја поттикне стратегијата за намалување на штетата во однос на последиците од долгорочното пушење цигари.

Почитувајќи ги сите правила и процедури, Филип Морис во 2016 година достави огромно научно досие до Федералната агенција за храна и лекови во САД со барање за дозвола за продажба на IQOS во САД, но и со барање системот IQOS да се категоризира како производ со модифициран ризик. Неодамна, ФДА издаде дозвола IQOS да биде ставен во оваа категорија и потврдува дека целосниот премин од класичните цигари на користење на IQOS ја намалува изложеноста на телото на штетни и потенцијално штетни хемиски состојки. IQOS е единствениот електронски уред кој ФДА го има класифицирано во оваа категорија, додека сите останати, вклучувајќи ги и производителите на електронски цигари допрва ќе треба да го поминат овој процес пред Агенцијата.

Би можело да ве интересира:

Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...
Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери? Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена ...
Бајковито запросување на Македонка во Париз со поглед на Ајфеловата кула - двајцата се од Ресен, тој... Костадин и Ерика се од Ресен, но животот ги однел на различни страни – неа во Ам...
Стефан Лазаров прави свадба со Марта - бели гулаби пред црква, традиционални обичаи: „По 7 години вр... „Во врска сме скоро 7 години. Се запознавме во 2016-та година, Марта беше сè ушт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg