Ги оживеавме ликовите од рекламата за HalkPay: „Кога сакам бесконтактно плаќање, Sm@rti ме носи на шопинг“

Ја изгледавте ли новата кул реклама за HalkPay? Ги оживеавме забавните ликови од рекламата и направивме кратко интервју со Sm@rti и Ke$a кои ни раскажуваат за нивните шопинг авантури и лесниот начин на користење на апликацијата за бесконтактно плаќање со мобилен телефон.

gi-ozhiveavme-likovite-od-reklamata-za-halkpay-koga-sakam-beskontaktno-plakjanje-sm-rti-me-nosi-na-shoping-01.jpg

Со апликацијата HalkPay, мобилниот уред станува паричник и можете лесно да ги користите платежните картички на Mastercard без воопшто да ги носите со вас.

Во период на пандемија, но и во нормални услови кога технологијата оди напред, време е корисниците на платежни картички да преминат на бесконтактен начин на плаќање на сите ПОС-терминали што поддржувааат NFC-технологија.

Халкбанк неодамна ја претстави апликацијата HalkPay која на нејзините корисници им овозможува лесно и безбедно плаќање со мобилен телефон.

Она што посебно одвлекува внимание е кул рекламата каде главни ликови се паричникот Ke$a и паметниот телефон Sm@rti, кои имаат уникатна љубовна приказна, а ги поврзува апликацијата HalkPay.

Ke$a е вистинска дама, со одлична смисла за хумор, грижлива и вистинска домаќинка кога е во прашање домашниот буџет, а Sm@rti е кул и забавен тип, голем заводник, но и прав џентламен – не дозволува никој друг да посегне по паричник, секогаш тој ги плаќа сметките.

Како продолжение на кампањата, од банката објавија и неколку bloopers видеа во кои може да се насмеете на забавните грешки од снимањето на рекламата со ликовите.

Целата реклама е нешто ново и несекојдневно на маркетинг сцената, но дефинитивно доаѓа како позитивно освежување, а корисниците дури веќе се поврзуваат со ликовите преку нивната комуникација на социјалните мрежи на Халкбанк.

Решивме целото ова искуство да го направиме уште поинтересно, па организиравме кратко интервју со Sm@rti и Ke$a кои ни раскажаа за нивната љубовна приказна, за тоа како Ke$a се откажала од физичко користење на платежните картички и ги дигитализирала кај Sm@rti, како и за тоа колку е полесно кога ја имаш апликацијата HalkPay.

Започнавме со Sm@rti кој уште еднаш ја покажа кавалерската страна...

gi-ozhiveavme-likovite-od-reklamata-za-halkpay-koga-sakam-beskontaktno-plakjanje-sm-rti-me-nosi-na-shoping-02.jpg

Sm@rti, што правиш кога ќе излезеш да се рекреираш и посакуваш да се освежиш, но си го заборавил паричникот?

Стариот добар паричник! Толку многу емоции ми буди, ме потсетува на времињата на нашите родители. А особено кога се работи за Ke$a, емоциите се посебни. И љубовни!

Со Ke$a сме речиси секогаш заедно, така што практично и да не постои момент кога сум го заборавил паричникот (ако мислите на Ke$a J). А, ако прашањето се однесува на тоа што се случува ако заборавам кеш, одговорот е едноставен. Јас ја имам апликацијата HalkPay која може да ја имаат сите од моето големо „Андроид“ семејство со едноставно преземање од Google Play Store.

Со оваа апликација не ми е потребен никаков паричник. Нели, рековме ако не се мисли тука на Ke$a. Со помош на HalkPay без никаков проблем, брзо, едноставно и безбедно си плаќам на сите ПОС-терминали и си свиркам.

Па кога ќе видиш, сега всушност и јас самиот станав паричник. (хммм... Никогаш не сум помислил на ова. Со Ke$a фактички сега имаме иста природа...)

Кој ја плаќа сметката кога сте на љубовен состанок со Ke$a и како?

Како да кажам... Нашата генерација ќе го разбере жаргонот, Ke$a е романтичар по природа, но е малку “old school”. Па таа самата е паричник и често чувствуваше обврска дека треба да плати, без разлика дали со картичка или во готово.

Но тие што ме знаат, знаат и дека јас сум ти прав џентлмен. Не дозволувам никогаш друг да ја плати сметката, а особено не Ke$a. Кога веќе ја имам HalkPay како составен дел од мене, зошто и би дозволил?

Но и не само тоа. Во HalkPay ми се внесени две различни Mastercard картички, едната дебитна, на која примам плата и една кредитна, па во зависност од тоа кој период од месецот е, си ја одбирам картичката. Сакам да кажам, ако легнала платичка, не ја чепкам кредитната. 

gi-ozhiveavme-likovite-od-reklamata-za-halkpay-koga-sakam-beskontaktno-plakjanje-sm-rti-me-nosi-na-shoping-02.jpg-04.jpg

Кои ти се омилени шопинг авантури и каде ја користиш HalkPay?

За шопинг авантури, прашајте ја Ke$a. Таа е создадена за трошење, само да не ѝ дојде HalkPay при рака. Се шегувам... кој не сака шопинг?

Мои омилени авантури се најчесто продавници за разни гаџети, каде можам да се подновам со нова маска, нови слушалки, екстерна батерија и сл., но HalkPay ја користам буквално секаде!

Од големи супер-маркети, до мали „гранапчиња“, продавници за мебел, за облека, за техника, за книги... Ја користам и во ресторани, кафулиња, но и други места за плаќање услуги, како перење автомобил, во спортски центри, па дури и на бербер.

Значи буквално секаде каде што има ПОС-терминал кој поддржува NFC-технологија. А, кога веќе ја споменавме Ke$a, во последно време сѐ повеќе ја користам и во салони за убавина. 

gi-ozhiveavme-likovite-od-reklamata-za-halkpay-koga-sakam-beskontaktno-plakjanje-sm-rti-me-nosi-na-shoping-3.jpg

Како реагираат луѓето зад тебе на каса кога ќе видат колку брзо ги плаќаш сметките со HalkPay и дека не ти треба паричник?

Искрено, сум забележал и да завидуваат. До душа некои и се остручиле во бесконтактните плаќања, гледам и самите инсталирале HalkPay па се снаоѓаат, но голем дел и ме прашуваат како успевам толку брзо да поминам на каса.

А пак јас се нервирам кога ги гледам тие пред мене додека да извадат паричник, па да извадат пари, па да добијат кусур, или додека ја најдат картичката, па пин, па кој беше пинот, па назад парите или картичката во паричник... Цела вечност.

Јас имам опција и за брзо плаќање (fast payment), односно тоа значи дека една Mastercard картичка си имам одбрано како основа и доволно е само да се приближам до ПОС-терминалот, без воопшто и да ја отворам апликацијата HalkPay. Вака на касите едноставно летам!

Ѝ поставивме неколку прашања и на Ke$a...

gi-ozhiveavme-likovite-od-reklamata-za-halkpay-koga-sakam-beskontaktno-plakjanje-sm-rti-me-nosi-na-shoping03.jpg

Ke$a како те заведе Sm@rti и што најмногу сакаш кај него?

Ахххх... Sm@rti... <3 Со Sm@rti сме се сретнувале повеќепати, најчесто на местата за плаќање на различни локации. Во маркет, во ресторан, во бутик, продавници за бела техника... Толку често се сретнувавме, што беше невозможно, а да не го забележам.

Тој се обидуваше да ме убеди да ги дигитализирам своите Mastercard картички и иако имав симпатии кон него од првиот момент, сепак не сакав да бидам толку лесна и веднаш да му ги предадам.

А сега, откако сите картички што ги носев во себе ми се дигитализирани кај Sm@rti, се чувствувам толку модерно, современо, но и сигурно. Тогаш се роди нашата вистинска љубов, а продукт на љубовта беше токму апликацијата HalkPay.

Дури заедно снимивме и реклама за HalkPay и многу се забавувавме за време на снимањето. Се смеевме заедно на некои грешки што се случија при снимањето и тогаш најмногу се зближивме. Така почна сѐ.

Сега знам дека не треба да се грижам за ништо, бидејќи тој ја има HalkPay со која лесно и безбедно плаќаме, имаме преглед на извршените трансакции, а HalkPay зборува и 4 јазици: македонски, англиски, албански и турски.

gi-ozhiveavme-likovite-od-reklamata-za-halkpay-koga-sakam-beskontaktno-plakjanje-sm-rti-me-nosi-na-shoping-02.jpg-4.jpg

Дали ви е лесна „комуникацијата“ со Sm@rti и како ги користиш неговите „услуги“?

На почетокот, кога почнувавме да комуницираме, морам да признаам дека имаше неколку почетни чекори и процедури што моравме да ги поминеме.

Додека да се запознаеме подобро тоа беше, но и за да сме сигурни дека комуникацирањето (читај „плаќањето“) ќе биде безбедно.

Прво, Sm@rti мораше да ја преземе HalkPay од Google Play Store. Потоа, ми побара една од моите Mastercard картички, јас се бунев малку, но кога конечно попуштив, тој се регистрираше на HalkPay со внесување на матичен број и последните 4 цифри од псевдо бројот од мојата Mastercard картичка.

Откако доби СМС со ОТП-лозинка, регистрацијата беше успешна и конечно можевме да почнеме да комуницираме полесно.

Следно, ги дигитализираше моите Mastercard картички, во моментот имав една дебитна и една кредитна; дебитната ја одбравме како основна за плаќање и сега ја имаме опцијата за “fast payment” и комуникацијата е прелесна.

Можеме да плаќаме на касите без воопшто да ја отвораме HalkPay кај Sm@rti, туку само тој се доближува до ПОС-терминалот.

gi-ozhiveavme-likovite-od-reklamata-za-halkpay-koga-sakam-beskontaktno-plakjanje-sm-rti-me-nosi-na-shoping-05 (1).jpg

Што правиш прво кога ќе стигне плата и како избегнуваш задржување на каса во време на пандемија?

Па се знае! Веднаш одам кај Sm@rti да ме однесе на шопинг. Го сакам почетокот на месецот токму поради тоа! Дополнително, со помош на HalkPay со Sm@rti ми е овозможено бесконтактно плаќање.

Тоа е многу важно во време на пандемија. Знаете, велат дека социјалното дистанцирање не се однесува само на интеракциите помеѓу луѓето, туку и одбегнување на јавни уреди, или пак работи кои доаѓаат во допир со повеќе луѓе, како што се ПОС-терминалите, парите итн.

А благодарение на HalkPay, Sm@rti само се доближува до ПОС-терминалот, без никаков допир и така знам дека е безбеден мојот Sm@rti, а секако и јас. На овој начин воопшто не се задржуваме на касите и купувањето е безбедно.

А, чекај малку инаку. Стигнала плата штом ме прашувате?

Би можело да ве интересира:

Давид Мукка, Македонец со урбан моден стил: „Носам сè – од здолништа до костуми“ „Носам сè - од здолништа до сакоа. Изгледот ми варира според расположението.&nbs...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg