Грижа за здравјето: Дали е сè „црно - бело“?

Во кинеската медицина позната е техниката „капинг“ со која пациенти со воспаление на кожата, настинки и кашлици се лекуваат со ставање загреани чаши на телото. Претходно, стоматолозите користеа арсен за воспалени забни нерви.

grizha-za-zdravjeto-dali-e-se-crno-belo-01.jpg

„Денес, веројатно би помислиле дека вашиот лекар останал заглавен во реалноста на медицината од минатиот век, доколку користи некои од овие методи на лекување“, вели Андриј Грибанов, независен консултант на Националната здравствена служба на Украина.

Коментирајќи ги добро познатите пристапи кон лекување на пациенти, Грибанов во својот авторски текст тврди дека лекарите се должни да учат од стручна литература, да присуствуваат на меѓународни конференции и да бидат отворени за сè што е ново „затоа што се во прашање здравјето и човечките животи”.

Грибанов посочува дека во светот има два пристапа кон јавното здравје - првиот е традиционален, кој подразбира што е можно повеќе забрани за сé она што би можело да биде потенцијално штетно за здравјето, дури и ако овие забрани воопшто не функционираат. „Вториот е пореален, т.н. американски пристап, кон кој се приклонуваат и многу земји од Европската унија, како и Велика Британија, Канада и Јапонија“, вели Грибанов, објаснувајќи дека станува збор за пристап до производи со помала штетност што укажува на тоа дека нема да можеме да ги спречиме луѓето да консумираат алкохол или да пушат цигари, но затоа можеме да се обидеме да ги намалиме ризиците по нивното здравје.

Концептот за намалување на штетите веќе се применува во некои области на медицината.

„Во Велика Британија, на пример, зависниците од психоактивни супстанци добиваат заменска терапија со метадон“, потсетува тој.

grizha-za-zdravjeto-dali-e-se-crno-belo-02.jpg

Кога станува збор за намалување на стапката на пушење, Грибанов вели дека Британскиот институт за јавно здравје препорачува т.н. „вапинг“ наместо користење цигари. Шведска, пак, благодарение на, меѓу другото, употребата на т.н. снус (тутун за орална употреба), успеа да ја намали не само стапката на пушење на најниско ниво во ЕУ, туку и стапката на морталитет од болестите поврзани со пушењето.

„Сите овие различни производи имаат заедничко нешто - не вклучуваат процес на согорување. Ова значи дека не се ослободуваат многу штетни и потенцијално штетни материи“, ја појаснува Грибанов примената на принципот за намалување на штетноста во јавното здравје и борбата против чадот од тутун.

Одговори на „модерниот“ Запад на прашањата на јавното здравје

Како најнов пример Грибанов ја наведува одлуката на Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА) дека IQOS, производот на компанијата Филип Морис што го загрева наместо да го гори тутунот, може да се класифицира во категоријата производи со модифициран ризик. ,,Но, како што изјави директорот на Центарот за контрола на тутун на ФДА, Мич Зелер, тоа може да им помогне на возрасните пушачи да се откажат од класичните цигари и да ја намалат нивната изложеност на штетни материи, но само доколку целосно се префрлат на овие производи“, вели Грибанов, додавајќи дека оваа одлука не е дојдена спонтано, туку станува збор за научно базиран пристап.

Сивата сепак е подобра од црната нијанса

„Иако алтернативите на пушењето не се без ризик и содржат никотин кој создава зависност, истражувањата покажаа дека ризикот е помал отколку кај класичните цигари, поради што и законската регулатива, во многу земји, вклучително и во земјите членки на ЕУ, кои се однесуваат на алтернативните производи од тутун, е поумерена во споредба со традиционалните цигари“, вели тој.

Дополнително, за разлика од другите меѓународни здравствени институции кои размислуваат „црно-бело“, САД разбираат дека во светот има повеќе од 50 „нијанси сиво“. И во овој случај, ,,сивата сепак е подобра од црната нијанса“, заклучува Грибанов.

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Денес се слави Света Великомаченичка Варвара – Што треба, а што не треба да правите на овој ден? Најголема радост е ако на овој ден во домот на гости ви дојде мало дете. Што тре...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg