Почетните ноти на Одата на радоста како обележје на два јубилеја: 60 години „Охридско лето“ и 250 години од раѓањето на Бетовен

Музиката е универзален јазик кој ги поврзува луѓето, а нотите – нивното пишано лице, заедничко за сечии мисли и чувства.

pochetnite-noti-na-odata-na-radosta-kako-obelezhje-na-dva-jubileja-60-godini-ohridsko-leto-i-250-godini-od-ragjanjeto-na-betoven-01.jpg

Одата на радоста од Лудвиг ван Бетовен, химната на Европа, е своевиден симбол за заедништвото и универзалноста на вредностите воопшто. Во чест на музичкиот гениј, деновиве во центарот на Охрид поставено е обележје на почетните ноти на Ода на радоста, со моќна порака и во чест на јубилеите – 60 години „Охридско лето“ и 250 години од раѓањето на Бетовен.

Оваа порака ја носи и годинашното „Охридско лето“ кое со својот 60-годишен јубилеј одбележува уште еден значаен јубилеј, 250-годишнината од раѓањето на Бетовен. Вака, Охрид уште поцврсто му припаѓа на светот и обратно – светот уште поцврсто му припаѓа на Охрид.

Одата на радоста симболично го означи и јубилејното издание на фестивалот. Првата вечер којашто беше посветена на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ која 1961 ја започна магијата на фестивалот, заврши токму со оваа химна на Европа во изведба на оперските ѕвезди Марија Јелиќ, Аманда Стојовиќ, Дарио ди Вјетри и Иван Томашев, придружени од Миливоје Вељиќ на пијано. Музиката на Бетовен, по повод 250 години од неговото раѓање се славеше низ цела Европа. Бетовен и Ода на радоста станаа своевидни белези на ова културно лето насекаде во Европа, па и кај нас. Во организација на Дојче Телеком, магента статуа на генијот патуваше низ Европа, од Бон, неговото родно место, преку Скопје, сѐ до Виена каде што ја компонирал Деветтата симфонија. Магента статуата симболично прошета и низ Охрид, збогатувајќи го фестивалот „Охридско лето“ кое со години наназад се одржува со поддршка на Македонски Телеком на уште еден начин: поинаков, различен, симболичен и обединувачки.

pochetnite-noti-na-odata-na-radosta-kako-obelezhje-na-dva-jubileja-60-godini-ohridsko-leto-i-250-godini-od-ragjanjeto-na-betoven-02.jpg

Поврзувањето како темел на заложбите на Телеком доби видлива, музичка димензија, а Охрид како древна колевка на уметноста – универзална димензија.

Сѐ уште можете да бидете дел од двојниот јубилеј, да се поврзете и со уметноста и да уживате во програмата на фестивалот. Споделете ваша фотографија од нотите како обележје кое ги симболизира почетните тонови на Ода на радоста со хаштаг #magentasonatas, Македонски Телеком ќе избере неколкумина кои ќе добиете бесплатни влезници за некоја од претстојните изведби од програмата.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...

Најчитани неделава