Донирајте со срце за Цобе – Се ближи рокот за операцијата, недостигаат уште средства

Веќе неколку недели хуманите луѓе донираат за Слободан Попов, кој што има напредна фаза на злокобната болест канцер.

donirajte-so-srce-za-cobe-se-blizhi-rokot-na-operacijata-nedostigaat-ushte-sredstva-01.jpg

За спас на неговиот живот, дадени се препораки за радикална операција, односно ампутација на целата негова нога. Цобе и неговото семејство решиле лекувањето да се спроведе во Солун Р. Грција, со помош на интегративна онкологија, која го третира проблемот како спој од повеќе познати и научно докажани методи за лекување. Постигнале договор за спроведување на третман со онко-хипертермиска и хемо-терапија со Друштвото за трговија и услуги БИОМЕД ЕИД дооел Скопје, која е овластен дистрибутер на Onco-Hyperthermia Group, Thessaloniki, Грција и EUROMEDICA GENIKI KLINIKI OF THESSALONIKI, Грција.

Со терапијата поголем дел од депозитот е уништен и е доведен во ситуација да биде отстранет со операција, а со неа ќе биде комплетно променет постоечкиот имплант (вештачки колк и бутна коска), кој претходно бил неуспешно е вграден при операцијата во Скопје.

Операцијата чини околу 50.000 €, кои за жал Цобе и неговото семејство не можат да ги обезбедат самостојно, при што побараа помош од добронамерните луѓе. Донациите растеа секојдневно во текот на минатите денови откако почна хуманитарната акција со „Срце за Цобе“. Се приклучија многу јавни личности, компании и хумани луѓе кои што донираа и повикуваа на донација. Останаа уште малку финансиски средства за да може Цобе да замине на операција и со тоа да продолжи да го живее својот живот со сопругата и 5 годишната ќерка.

Донациите можат да се извршат на следниве броеви и сметки:

Број за донација

A1 (VIP) 143-463

Телеком 143-103

Сметка за донација:

Донација од Македонија: Трансакциска сметка 200003505609092 Стопанска Банка АД Скопје

Донација од странство во евра: Стопанска Банка АД Скопје, 11 Октомври бр. 7, Бранч Скопје

IBAN CODE: MK 07200003505611129EUR SWIFT CODE: STOBMK2X
Цел на дознака: Донација за Слободан Попов

ЛИНК за донација gofundme.

donirajte-so-srce-za-cobe-se-blizhi-rokot-na-operacijata-nedostigaat-ushte-sredstva-02.jpg

donirajte-so-srce-za-cobe-se-blizhi-rokot-na-operacijata-nedostigaat-ushte-sredstva-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...

Најчитани неделава