Во скопската општина Аеродром поставена прва еко автобуска постојка во земјава од страна на Халкбанк

Во скопската населба Аеродром, на едно од најфреквентните места во главниот град, Маратон Груп ја постави првата еко автобуска постојка по нарачка на Халкбанк АД Скопје, како дел од иницијативата HalkEco.

vo-skopskata-opshtina-aerodrom-postavena-prva-eko-avtobuska-postojka-vo-zemjava-od-strana-na-halkbank-01.jpg

Постојката, лоцирана пред трговскиот центар Бисер е опремена со зелен и воедно одржлив покрив чија функција е природно прочистување на воздухот. Ова е прва и засега единствена автобуска постојка од ваков вид во земјава.

„Поставувањето на оваа еко постојка е дел од активностите на Халкбанк АД Скопје како придонес за заштита и зачувување на животната средина. Овие цели ги промовираме и се изразени преку целокупната HalkEco платформа, чиј дел е и апликацијата, а е во насока на поттикнување развој на здрави животни навики, зголемување на физичката активност, подигање еко свест и одговорно однесување кон околината“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.

vo-skopskata-opshtina-aerodrom-postavena-prva-eko-avtobuska-postojka-vo-zemjava-od-strana-na-halkbank-02.jpg

Апликацијата HalkEco на Халкбанк чиј главен поддржувач е и MasterCard, промовира физичка активност, еко свест и ја мотивира заедницата да изгради подобри еко навики. Со користењето на апликацијата при трчање, пешачење или возење велосипед, корисникот на апликацијата на својот кориснички профил собира HalkCoins кои, во зависност од нивниот број, носат низа подароци и финансиски бенефиции, со крајна цел засадување нови зелени површини на голем број локации во земјата каде е потребно.

vo-skopskata-opshtina-aerodrom-postavena-prva-eko-avtobuska-postojka-vo-zemjava-od-strana-na-halkbank-03.jpg

vo-skopskata-opshtina-aerodrom-postavena-prva-eko-avtobuska-postojka-vo-zemjava-od-strana-na-halkbank-04.jpg

Како дел од HalkEco на почетокот на месец септември, Халкбанк е организатор и на првата хронометар велосипедска трка HALK VELO GREEN која ќе се одржи во Маврово.

 

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...

Најчитани неделава