Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сите станбени кредити од Халкбанк отсега без трошоци за обработка

(Скопје, 02.09.2020) - Халкбанк АД Скопје известува дека сите кредити од портфолиото станбени кредити отсега ќе бидат без трошоци за обработка.

site-stanbeni-krediti-od-halkbank-otsega-bez-troshoci-za-obrabotka-01.jpg

До сега, само станбениот кредит со пакет полиса за осигурување беше без трошоци за обработка, додека пак за Comfort станбениот кредит, трошоците за обработка изнесуваат 1% во регуларната понуда, а 0% за време на промотивниот период, кој траеше до 31.08.2020 година. Како резултат на големата заинтересираност, Банката одлучи и во понатамошниот период да нема трошоци за обработка кај двата вида станбени кредити. Промотивниот период за 0% надомест за обработка за Comfort станбениот кредит се продолжува до 31.12.2020 година.

„Нашата банка во континуитет работи на подобрување на своите финансиски услуги, низ целото портфолио. Целта, која што до сега успешно ја остваруваме, се задоволни клиенти. Оваа одлука е донесена како одговор на забележаните трендови во побарувачката на услугите и, се разбира, олеснување на условите при подигање на станбен кредит во пост-кризниот период. Мотото Важни се луѓето останува да е двигател на секоја следна одлука и производ кој ќе произлезе од Банката“, велат од Халкбанк.

Максималниот износ на Comfort станбениот кредит е 200.000 евра, а максималниот рок на отплата е 360 месеци со можност за грејс период до 12 месеци. Минималното учество е 15%. Каматната стапка е 3,3% фиксна за првите 10 години и 4,00 пп + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор за остатокот на периодот.

Кредитот е со задолжителна полиса од незгода од Халк Осигурување АД Скопје во износ од 1000 мкд годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот. Клиентот склучува Договорот за повеќегодишно осигурување со осигурителното друштво, а осигурeната сума е дефинирана во полисата.

За предвремена отплата на кредитот, надоместот е 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства, а доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремено отплатениот износ. Надоместот се наплатува доколку корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит. Корисникот е должен да изврши уплата на овој надомест веднаш по добивање на пресметката од банката. Надлежните лица на банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист.

Халкбанк АД Скопје соработува со над 100 градежни компании од целата земја. Проверете ги условите и поволностите на станбените кредити на Халк на следниот линк.

Важни се луѓето, важни се и сите нивни потреби.

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Сара Пројковска ќе биде погребана утре, семејството со последен поздрав: „Благодарни сме што бевме д... Телото на Сара за последен поздрав ќе биде изложено во Црквата „Свети Петар и Па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg