Дистрикт бар и ресторан работи со применети мерки и збогатена понуда

Дистрикт бар и ресторан ги отвори вратите и работи со истиот капацитет и целосно применети мерки.

distrikt-bar-i-restoran-raboti-so-primeneti-merki-i-zbogatena-ponuda-04.jpg

Препознатливиот, пријатен и удобен амбиент на ресторанот е прилагоден на сите протоколи и заштитни мерки, што вклучува потребна дистанца, дезинфициенси, но истовремено е усогласен и со потребата за удобност и комоција на гостите.

„Просторноста на ресторанот, како и стандардите според кои и досега работеше Дистрикт овозможија лесно адаптирање на новонастаната ситуација и на барањата од надлежните институции. Со сето она што е дополнето во работата на ресторанот, гостите може да се чувствуваат безбедно, пријатно и да уживаат во целосното Дистрикт искуство”, вели Никола Јордевски, менаџер на ресторанот.

distrikt-bar-i-restoran-raboti-so-primeneti-merki-i-zbogatena-ponuda-05.jpg

Како дел од новитетите е и збогатеното мени со изобилство од свежи производи, комплементарност на домашната кујна со локални состојки, но подеднакво автентичен пристап и кон интернационалните кујни.

„Изминатиот период го искористивме за да се посветиме и фокусираме на филозофијата на нашата кујна, каде креиравме комплетно мени со внимателно избрани рецепти за чии вкусови ќе се дискутира допрва. Главниот акцент на новото мени на Дистрикт ги истакнува внимателно избраните локални состојки преку кои се стремиме секое јадење да побуди незаборавно искуство и сеќавање на оној кој го вкусува”, вели Кирил Ставрев, главен готвач во ресторанот.

distrikt-bar-i-restoran-raboti-so-primeneti-merki-i-zbogatena-ponuda-03.jpg

Со цел на своите гости да им овозможи комплетно искуство и уживање, Дистрикт бар и ресторан во следните месеци ќе понуди нови и интересни промоции, со кои повторно ќе го овозможи уникатното и несекојдневно гастрономско искуство во центарот на Скопје.

distrikt-bar-i-restoran-raboti-so-primeneti-merki-i-zbogatena-ponuda-01.jpg

Дел од овие промоции ќе бидат деновите за Seafood and Unlimited Bubbles, каде морската храна ќе биде послужена со соодветни пијалаци во неограничена количина, потоа ќе следи и Mediterranean Street Food - посебен ден за инвентивноста и креативноста во посебна форма на оброци високо ценети во медитеранската кујна и Pop-Up Restaurant - промоција што ќе биде комплетно изненадување како во најпознатите светски ресторани, каде јадењата се креирани и приготвени токму за оваа прилика.

distrikt-bar-i-restoran-raboti-so-primeneti-merki-i-zbogatena-ponuda-02.jpg

Kiril Stavrev2.jpg

Би можело да ве интересира:

Ресторан во Свети Николе е вистинска есенска бајка со тикви, суво цвеќе и сено (фото) Со доминација на портокалови нијанси и многу различни облици на тикви, овој лока...
Запросување во стилот на „Убавицата и ѕверот“ - Ана од Кочани му кажа „да“ на саканиот Мартин „Мартин го осмислил запросувањето од работи кои ни се важни на двајцата: во рест...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Христина Пан за 35-тиот роденден се забавува со ќеркичките, откако едната извојува нова битка во лек... Нашата инфлуенсерка Христина Пан објави емотивно видео со двете ќерки близначки ...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg