Малиот Дарин од Скопје ја скрати косата за првпат и ќе ја донира за дечиња болни од рак (фото)

Малиот Дарин „падна“ во магичните раце на фризерот Адо Мурис Хамзиќ - 4-годишното момче топи срца и поставува позитивен пример - за првпат ја скрати долгата коса, која ќе ја донира за дечиња болни од рак.

darin-od-skopje-topi-srca-ja-skrati-kosata-za-prvpat-i-kje-ja-donira-za-deca-bolni-od-rak-01.jpg

Секојдневно се радуваме кога ќе видиме дека децата уште од најмала возраст прават добри дела, а токму таков е овој пример.

На социјалните мрежи видовме фотки кои не може да поминат незабележано.

Магичните раце на фризерот Адо Мурис Хамзиќ ја скратија за првпат косата на 4-годишниот Дарин, кој ја расте откако е роден.

darin-od-skopje-topi-srca-ja-skrati-kosata-za-prvpat-i-kje-ja-donira-za-deca-bolni-od-rak-03.jpg

Момчето препознатливо по својата долга, руса коса, за првпат се потстрижи и ќе ја донира косата за изработка на перики за деца болни од рак.

darin-od-skopje-topi-srca-ja-skrati-kosata-za-prvpat-i-kje-ja-donira-za-deca-bolni-od-rak-05.jpg

darin-od-skopje-topi-srca-ja-skrati-kosata-za-prvpat-i-kje-ja-donira-za-deca-bolni-od-rak-02.jpg

darin-od-skopje-topi-srca-ja-skrati-kosata-za-prvpat-i-kje-ja-donira-za-deca-bolni-od-rak-04.jpg

„Дарин не беше шишан од кога се роди зашто не сакаше, а ние се договоривме да го носиме кај Адо кога тој ќе сака. Спонтано некако уште пред некое време дознавме за можноста да се донира коса за изработка на перики за деца болни од рак и мислиме дека е добар начин да се помогне на некое детенце, а истовремено Дарин со личен пример да научи дека е убаво да се помага, но и да инспирира други дечиња да го направат истото.

Тој можеби уште е мал за да го разбере сето ова, но сигурни сме дека позитивно ќе се одрази во неговиот развој. Кога го прашавме дали сака да ја донира неговата коса на некое детенце кое нема косичка, рече дека може само ако му е роденден. :) 

Во секој случај ние сме среќни што можеме да помогнеме и што Дарин уште од мал учи дека е многу убаво да се помогне кога се може.“ - изјави за CRNOBELO.com Александар Донев, таткото на Дарин.

Колку е добро чувството кога знаете дека најмалите си помагаат меѓусебно и ги учат вистинските вредности во животот!

Браво Дарин!

Прочитајте и Фризерот кој топи срца – неодоливи дечиња во магичните раце на Адо Мурис Хамзиќ (видео)

М. М. | Црнобело / фото: Александар Донев - Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Лозано првпат објави фотка од синот за прв роденден: „Да си ни жив и здрав, синко мој“ „Бебушек Марко денес ни прави 1 годинка“ - стои во дел од описот кој Лозано го н...

Најчитани неделава