Нов потрошувачки кредит од Халкбанк со грејс период од 6 месеци за дополнително олеснување на финансиската состојба на клиентите

nov-potroshuvachki-kredit-od-halkbank-so-grejs-period-od-6-meseci-za-dopolnitelno-olesnuvanje-na-finansiskata-sostojba-na-klientite-01.jpg

(Скопје, 23.09.2020) - Потрошувачки кредит со грејс период од 6 месеци и со каматна стапка од само 5% фиксна за првите 2 години е новиот производ на Халкбанк АД Скопје со кој банката излегува пресрет на сите оние кои имаат потреба од дополнителни средства во ова тешко време зафатено од пандемијата со ковид-19, а истовремено сакаат да почувствуваат релаксираност во отплатата придружена со 6 месеци грејс период.

Новиот потрошувачки кредит за физички лица е со каматна стапка од само 5% фиксна за првите две години, односно 5,5% променлива каматна стапка за останатиот период; со рок на отплата до 120 месеци; максимален износ до 1.500.000,00 МКД и истиот е без провизија за обработка. Единствените трошоци за кредитот се 150 денари за апликација за кредит и надомест во висина од 350 денари за добивање податоци од Кредитното биро кои се наплаќаат доколку кредитот е одобрен.

Како обезбедување кон овој кредит вклучени се осигурителните полиси од Халк Осигурување АД, полиса од незгода која изнесува 600 денари на годишно ниво или Пакет полиса за осигурување, во зависност од износот на кредитот. Висината на трошокот на пакетот полиса за осигурување е во зависност од тарифата на Халк Осигурување АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата се плаќа секоја година во времетраење на кредитот, а ги содржи следните ризици:

  • Неможност за враќање на кредит – смрт од која било причина, смрт од незгода, и
  • Осигурување од незгода – траен инвалидитет над 30%.

Новиот потрошувачки кредит на Халкбанк е ненаменски и може да се користи за најразлични потреби, како и за рефинансирање на постоечки кредитни изложености во други банки. Сите заинтересирани можат да аплицираат за овој тип потрошувачки кредит најдоцна до 30.11.2020 година.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...

Најчитани неделава