Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Две кампањи на Њу момент во финалето на фестивалот за маркетинг „БалКанс“

Две кампањи на маркетинг-агенцијата Њу Момент, Њу идеас компани - Скопје, „Кога пчелите ќе стивнат“ и герила-акцијата „Ослободување на дрвјата“ продуцирани и реализирани во изминатава година беа избрани во најдобрите 25 проекти во регионот на фестивалот за маркетинг БалКанс.

dve-kampanji-na-nju-moment-vo-finaleto-na-festivalot-za-marketing-balkans-01.jpg

Кампањата „Кога пчелите ќе стивнат“ е работена како социјален експеримент за последиците од изумирањето на големи пчелни семејства поради климатските промени и загадувањето. Кампањата е направена за потребите на Германското друштво за меѓународна соработка со седиште во Скопје, GIZ (The Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit).

Герила акцијата за ослободување на дрвјата низ Скопје, агенцијата Њу Момент ја работеше како про-боно проект, заедно со Институтот за комуникациски студии и невладината организација за чист воздух О2 Иницијатива. Целта на кампањата беше подигнувањето на јавната свест за близу 1000 дрвја чии корени се заробени под градскиот бетон, со цел нивно ослободување и враќање во процесот како заштитници на чистиот воздух.

Во годината во која една работа беше сигурна, дека ништо не е сигурно, единствен начин да излеземе од психичкиот товар на Ковид 19 кризата, е да се држиме до слободата која ја пружа креативноста и различните начини накои и како индивидуалци и како компанија, можеме да ги искористиме за да бидеме корисни и за себе и за нашата заедница. Можеби, наградите за токму овие две кампањи, ни укажуваат на еден од најголемите проблеми што како држава ги имаме е загадувањето од различни видови и мора да работиме и на подигнување на јавната свест и на поттикнување на надлежните институции за агилност и посветеност во решавањето на проблемот. Навистина сме благодарни на нашите клиенти за отвореноста и храброста да се пренесат пораките на поразлични начини од традиционалните, но и затоа што ја препознаваат Њу Момент како партнер за вакви проекти. Секако среќни сме што и членовите на жирито на БалКанс, претставниците на медиумите и членовите од индустријата на маркетингот од регионот, ги препознаваат нашата креативност и посветеност и во вакви времиња, во кои корона темата е доминанта во сите сфери“ – вели Филип Димитров, директор за услуга на клиенти и еден од креаторите на кампањите.

Агенцијата Њу Момент, Њу идеас компани – Скопје е една од најстарите агенции во нашата држава и една од најнаградуваните во регионот со повеќе од 120 меѓународни награди за креативност во своето порфолио.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Ирина Камилоска блеска покрај семејството: „Лена наполни 40 дена на денот кога започна нашата љубовн... „22.02.2022 – палиндром, датумот кога започна нашата љубов, а Лена прави 40 дена...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Нашата балерина Стефанија Гаштарска: „Се оперирав во Русија и со мајка ми сакав да се вратам дома, н... „Пред неколку месеци го замолив Бога да ми помогне. Се уморив од борбата, од стр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg