Месец на хуманост со Cooking with Branko и Витаминка

(Скопје, 01.10.2020) - Под мотото „Биди дел од месецот на хуманост, купи производи и донирај“ блогерот Бранко Попоски познат по псевдонимот Cooking with Branko во соработка со Витаминка, ќе донираат производи, храна и приготвени оброци за социјално загрозените семејства.

mesec-na-humanost-so-cooking-with-branko-i-vitaminka-01.jpg

Во текот на целиот месец октомври, Бранко ќе набавува намирници (леб, овошје, зеленчук, зрнести производи) со кои ќе приготвува оброци, а Витаминка ќе донира производи. Подготвените оброци и донираните производи од Витаминка, соодветно спакувани преку Здружението Љубезност и Ретвитни Оброк ќе бидат доставени до семејствата во неповолна социјална положба.

Целта на акцијата е да се подигне свесноста за ситуацијата во која се наоѓаат голем број семејства, посебно погодени од здравствената криза и да се поттикне јавноста со свој личен придонес да се вклучи и да помогне на некое од овие семејства.

Попоски, хуманата активност ја спроведува веќе втора година по ред, откако минатата година на интересен начин преку својот блог за храна Cooking with Branko ја повика јавноста и јавните личности да донираат храна и оброци за социјално ранливите лица.

Оваа година, поради заштитните протоколи за Ковид-19, Бранко акцијата ја спроведува според дефинираните безбедносни мерки. Затоа, хуманата активност е дополнета повторно со повик од Бранко Попоски до граѓаните доколку сакаат можат да донираат, но според одреден распоред. Секој петок во периодот од 13.00 до 17.00 часот готови оброци (без свинско месо) ќе може да се донираат исклучиво преку кетеринг кујна или ресторан со достава во просториите на здружението „Љубезност“, контакт 070 378 855. Донации во конзервирана храна (без свинско месо) може да се достават на локација на Бродот на среќата секој петок и сабота од 13.00 до 17.00 часот. Производи и храна со подолг рок на употреба може да се донираат од понеделник до петок од 13.00 до 17.00 исто во Бродот на среќата.

Со поддршката и вклучувањето во оваа иницијатива ќе се испрати и порака до корпоративната јавност, но и до граѓаните да се вклучат во месецот на хуманост. Во месечната хумана активност ќе бидат поканети да се вклучат и неколку познати личности кои исто така ќе учествуваат со приготвување оброци за социјално загрозените семејства.

Би можело да ве интересира:

Тина од Скопје со трогателна објава: „Бев дете, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и ја глед... „Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниман...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Кристина Димитри горда на синот: „Му го даде својот оброк на детенце што бараше храна, неговата добр... „Срцето ми се скрши, а воедно сум и многу горда на мојот син. Додека јадевм...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Славчо Попоски, метеоролог: „Викендов очекувајте послаби врнежи од снег и температури до -10 степени... „Веќе од четврток нè очекува голема промена на времето и нов голем бран на врнеж...
Славчо Попоски, метеоролог: „Уште една многу топла недела, викендов можни врнежи од дожд“ „Уште една натпросечно топла седмица пред нас, со невообичаено високи температур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg