Забранети се гостувања на музичари, по 4-ца на маса: Нови протоколи за угостителски објекти по низа забави без мерки

Забавите со гужви и без никакви мерки за заштита кои се случуваа во неколку скопски локали и низ градовите во Македонија, предизвикаа рестриктивни мерки кои ќе важат дури и за оние кои досега ги почитуваа протоколите – забранети се гостувања на музичари, на маса смее да седат 4-ца и уште неколку нови правила.

zabraneti-se-gostuvanja-na-muzichari-po-4-ca-na-masa-novi-protokoli-za-ugostitelski-objekti-po-niza-zabavi-bez-merki-01.jpgфото: depositphotos.com

По големиот број забави без никакви протоколи кои се случија викендов, но и изминатиот период, Владата ги прифати новите рестриктивни мерки предложени од Комисијата за заразни болести.

Погледнете кои се новите протоколи:

На оваа своја седница Владата ги усвои заклучоците од состанокот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, одржан на 4.10.2020 година, со предлог мерки за спречување од ширење на коронавирусот КОВИД-19.

Во насока на намалување на ризикот од појава и ширење на КОВИД-19, Владата ги прифати ги препорача следите рестриктивни мерки на Комисијатa:

- Не е дозволено гостување на пејачи/музички групи/диџеи во угостителските објекти кои послужуваат пијалаци и храна, вклучително и во ресторанскиот дел на угостителските објекти за сместување (хотели/мотели).

- Се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти на 55 децибели.

- Во Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти и во Протоколот за отворање и работа на кафетериите  се ограничува дозволениот максимален број на лица на една маса на 4 лица. Во Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти, точка 6. се брише и се заменува со  „максимален број на лица на една маса се ограничува на 4 лица“, а во Протоколот за отворање и работа на кафетериите се додава нова точка: „максимален број на лица на една маса се ограничува на 4 лица“.

- Комисијата укажа, а Владата прифати на стриктно почитување на точка 3. не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси како во Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти, така и во Протоколот за отворање и работа на кафетериите

- Владата го прифати и укажувањето на Комисијата за потребата од строго почитување на забраната за работа на ноќни барови и дискотеки и потребата од преземање на ригорозни мерки од страна на надлежните институции во случај на прекршување на забраната.

ТУКА може да ги погледнете сите одлуки на Владата од 8-та седница.

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
„Три разиграни срциња“ - Тројката на Горан Папаз и сопругата наполни една година - прославија со 3 т... „Една година од најубавиот ден во мојот живот - 3 нови, разиграни срциња во 3 ми...

Најчитани неделава