Венко Филипче: „Денес има 364 нови случаи, забрана на семејни собири со повеќе од 4 гости“

Министерот Венко Филипче одржа прес-конференција за да извести за последните случувања и новите мерки кои Комисијата ќе ги предложи до Владата.

venko-filipche-denes-ima-364-novi-sluchai-zabrana-na-semejni-sobiri-so-povekje-od-4-gosti-1.jpgфото: depositphotos.com

Бројот на новозаболени продолжува да расте со 2 милиони нови случаи неделно на светско ниво. Зголемен број има и во сите европски земји. Во црвената зона на картата се наоѓаат Шпанија, Франција, Чешка, Белгија, Холандија, Луксембург, Исланд, Унгарија и Данска. Земјите од ЕУ исто бележат раст и се очекува трендот да продолжи.

Се воведуваат зајакнати рестриктивни мерки за спречување на ширење на вирусот во есенскиот бран, особено во областите и градови со зголемен број на новозаболени и речиси сите земји воведуваат нови мерки. Некаде има и рестрикции во движење.

Есенскиот бран го зафаќа и регионот. Изминатото деноноќие се бележат во повеќе земји зголемен број на новозаразени. Вчера забележавме најголем број кај нас, од 317, а денес има 364 нови случаи.

На сите инфективни одделенија во државата хоспитализирани се 414 пациенти позитивни и сомнителни, ова е најголем број на хоспитализации од крајот на јули.

Еден месец по отворање на градинките, процентот на заболени или во изолација е низок. Значи дека практично протоколите се почитуваат. Ризикот кај деца од 6 години е низок.

За училиштата е рано да се извлечат заклучоци. Првичните податоци од МОН потврдуваат дека во изолација се 53 ученици и 8 наставници. Секаде каде што има позитивни, се постапува навремено согласно протоколите.

Се потврдува дека одлуката за онлајн наставата беше правилна и апелирам сите да ги почитуваат овие одлуки и протоколи за образовниот процес.

Од анализата на состојбата со пандемијата, есенскиот бран е тука и мора да делуваме за да се заштитиме. Состојбата уште е стабилна кај нас, но може лесно да ескалира. Мора да делуваме.

Донесовме одлука за препорака на нови мерки со цел спречување на ширење на вирусот:

Забрана на семејни поголеми собири, прослави и забави во домашни услови, односно, се забранува групирање на граѓаните во домовите, слави. Во едно живеалиште стан или куќа, сопствениците може да примат најмногу 4 луѓе, односно на семеен настан да бидат тие кои се со живеалиште на таа адреса плус најногу 4 други лица. Анализите покажуваат дека најмногу заразени има од овие настани. Забавите не треба да се префрлат во домашни услови.

Се забранува групирање на јавен простор после 22 часот на повеќе од 4 луѓе (паркови, бензински пумпи, било каде на отворено).

Се воведува задолжително носење маска или заштитна опрема секаде при престој на отворено, на затворено во било кои јавни објекти, на работно место, во јавен и приватен транспорт. Исклучок се прави при спортување на отворено и затворено, со почитување на протоколи, како и при транспорт во приватно возило ако сите се од исто домаќинство и при престој во угостителски објекти секако со почитување на соодветни простории, и при престој во службени простории/канцеларија ако лицето е само. Исклучок за носење маски имаат и децата до 6 години.

Овие препораки ќе бидат предложени до Владата.

Погледнете ја целата прес-конференција:

Би можело да ве интересира:

Каролина и сопругот Михаил на патување во Јапонија - Го истражуваат Токио, уживаат во локално виски ... Од опуштени прошетки во паркови, преку истражување музеи со изложби на познати с...
Аделина Тахири му прослави 7-ми роденден на синот со луксузна забава - се појави во чевли налик на б... Аделина, како и секогаш, воодушеви со стајлингот - овој пат избра црн фустан со ...
Лазар Бараков се поклони на гробот на Ѓорѓи Колозов - ни врати тон емоции за легендарните Македонски... Потег за пофалба! Лазар Бараков не го заборава својот пријател... Царот Ѓорѓи Ко...
Го покажа трудничкото стомаче, Столе Стоилов меѓу гостите: Атмосферата на свадбата на Дејан Манасков... Каде се запознале, стилистката Јована Зука им е старосватица, но кој ракометар и...
Браво! Тони Зен на концертот се појави во кимоно, направено од затвореничките во Идризово Секоја чест! Една од прекрасните креации на вештите раце на затвореничките од Ид...
Андријана Јаневска прослави 15 години брак – свадбата ја правеле во Имес, денес со синовите уживаат ... Андријана Јаневска објави пред и потоа фотки – една од свадбата со Гино пред 15 ...

Најчитани неделава