Нови официјални мерки: Задолжителни маски надвор од домот, казна за групирање е 500 евра

(29.10.2020) Задолжително носење маска по излегување од домот, казна од 500 евра за групирање, задолжителна самоизолација по тестирање за ковид-19 - кои се новите мерки предвидени во измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести кој беше изгласан вчера?

usvoen-e-zakonot-za-zashtita-od-zarazni-bolesti-zadolzhitelni-maski-nadvor-od-domot-kazna-za-grupiranje-e-500-evra-01.jpgфото: depositphotos.com

Собранието на 28.10.2020  ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување во Службен весник.

Во продолжение погледнете ги усвоените измени кои ги соопшти Владата:

Законот предвидува носење лична заштита на лицето и тоа: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично, при излегување надвор од домот односно при движење на јавни места  и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично).

Оваа мерка нема да важи:

– при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);

– при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице/лица со кој/кои што живее во заедница;

– при престојување во двор на семејна куќа сам или со лице/лица со  кој/кои што заедно живеат во заедница;

– при седење во угостителски објект со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);

– ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место;

– ако лицето е помладо од 6 годишна возраст (дете); и

– ако лицето има специфична здравствена состојба, е лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично или контраиндицирано.

За неносење маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра.

Законот, ja регулира и самоизолацијата, односно таа е задолжителна  при тестирање за Коронавирус COVID-19 од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот, а самоизолацијата продолжува доколку резултатот е позитивен.

Забрана за групирање на јавен простор (паркови, јавни површини или било која површина на отворено) во одредени периоди од деноноќието и други мерки утврдени со закон.

Мерките траат додека постои опасност од ширење на епидемија.

Владата на предлог на Министерството за здравство одлучува кои од мерките ќе се применат, случаите во кои ќе се применат и за кој временски период.

За прекршителите на членот од Законот кој ја регулира самоизолација предвидена е казна од 50 евра, а тие што ќе се групираат на отворено ќе платат казна од 500 евра.

Законот го регулира и лекувањето на лицата заболени од Ковид-19. Освен лекување во јавните здравствени установи, по медицински индикации болните можат да се лекуваат и изолираат и во приватни здравствени установи кои имаат дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија или во домашни услови,  доколку за тоа постојат услови. Приватните здравствени установи за да лекуваат пациенти од Ковид-19 треба да имаат согласност од Министерството за здравство дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија. Доколку во ЈЗУ се исполнети капацитетите за лекување на болни од Ковид 19 по претходно дадена сосгланост од Министерството за здравство лекувањето на лицата може да се врши и во приватни здравстени установи кои имаат дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија.

Би можело да ве интересира:

Милена од Прилеп со двете деца маскирана во „мајка на змејови“ за Прочка: „Се спремавме од декември“ „Беше предизвик да го убедам поголемиот син, бидејќи сакаше да биде Спајдермен, ...
Најтажната приказна од Скопје ЗОО: Жирафата Флопи и нејзиниот негувател Ристе починаа во ист ден Веста за угинувањето на жирафата Флопи остави чувство на празнина и тага кај сит...
Миа Костова за летувањето на Корзика: „Ден на плажа е минимум 200 евра, поубаво море нема да видите,... „Ако некогаш се решите за Корзика, гледајте да имате убава куќа во која може и д...
Чанта од 35.000 евра, влечки за плажа од 2.000 евра – Луксузниот стил на Аделина Тахири на патувањет... На плажа со Chanel чанта од 6.000 евра позира додека го бакнува синот, а навечер...
Денес се слави Свети Никола Чудотворец – Заштитник на домот и на сиромашните Свети Никола е најчестата слава во македонските домови. Се верува дека овој свет...
Позитива на денот: Црковно лице од Велес споделува емотивна приказна и вели Господ му се насмевнал „Минатава недела добивам апел за лекување на еден наш сограѓанин. Господ ме потт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg