Донација од кампањата на Mozzart „Хуманитарен тикет“ во Клиника за детски болести

Хуманитарниот Mozzart караван никогаш не стои во место, а овој пат е со нова донација наменета за Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Акцијата се реализира благодарение на кампањата „Хуманитарен тикет за викенд“ и добитниот тикет кој го состави фудбалерот Благоја Тодоровски.

donacija-od-kampanjata-na-mozzart-humanitaren-tiket-vo-klinika-za-detski-bolesti-01.jpg

Познатиот фудбалер изрази огромно задоволство што имаше можност да креира хуманитарен тикет, кој со малку знаење и среќа беше добитен. Добивката која изнесува 60.079 денари тој ја насочи за ЈЗУ Клиниката за детски болести во Скопје, а за таа вредност од Клиниката побараа да се обезбедат прочистувачи на воздух за хемато-онколошкото одделение.

Фудбалерот кој моментално се наоѓа во Албанија каде игра за клубот Теута Драч, немаше можност да присуствува на доделувањето заради професионални ангажмани, но својата поддршка ја даде виртуелно и носејќи златна панделка – симбол за поддршка на децата кои се борат против рак.

„Навистина се израдував кога видов дека е добитен тикетот кој го напишав во рамки на Mozzart хуманитарната кампања. За жал немав можност да дојдам во Македонија и да присуствувам на предавањето на донацијата, но оттука ја поддржувам кампањата и со златна панделка симболично ја давам мојата поддршка кон децата кои се борат со оваа болест, со надеж за што побрзо оздравување и што повеќе насмевки.“ - изјави фудбалерот Благоја Тодоровски.

donacija-od-kampanjata-na-mozzart-humanitaren-tiket-vo-klinika-za-detski-bolesti-02.jpg

Инаку, ова не е прва донација за Клиниката за детски болести. Пред 2 години компанијата Mozzart донираше медицинска опрема во вкупна вредност од 1.100.000 денари. Медицинските апарати беа набавени од средствата собрани од донаторската кампања која траеше за време на Светското фудбалско првенство 2018. Се работи за апарати за механичка вентилација во домашни услови наменети за пациенти на кои им треба долготрајна вентилаторна поддршка.

„Продолжуваме со нашите хуманитарни активности каде настојуваме преку различни кампањи да помогнеме онаму каде што е најпотребно. Ни претставува задоволство што имавме успешна акција со хуманитарниот тикет за викенд, се надеваме дека и понатаму ќе имаме добитни тикети чии добивки ќе се насочуваат во хуманитарни цели.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Од ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести се заблагодарија на донацијата на прочистувачи на воздух кои ќе бидат распределени во просториите на хемато-онколошкото одделение на Клиниката.

„Донацијата на фудбалерот Благоја која е во рамки на Mozzart кампањата „Хуманитарен тикет за викенд“ е од големо значење за нашата Клиника и малите пациенти кои престојуваат овде. Благодарност до компанијата Mozzart која повторно нè посети и благодарност до Благоја кој ја одбра токму оваа Клиника за остварената добивка.“ – изјавија од ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести во Скопје.

Оваа кампања на Mozzart се реализира повеќе од една година, каде наши познати спортисти и познати јавни личности секој петок пополнуваат хуманитарни тикети, а на секој учесник од оваа хуманитарна кампања, компанијата Mozzart одобрува износ од 3.000 денари за составување на тикетот. Целата потенцијална добивка оди во хуманитарни цели, по избор на типувачот.

Инаку, компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните акции кои постојано ги организира во различни области. Тие во борба против пандемијата на коронавирусот донираа повеќе од 50.000 евра распределени во повеќе болници низ државата, а реализираа и многу други акции, меѓу кои набавка на инвентар за реновирање на хируршко одделение во Општата болница во Гостивар, понатаму набавка на заштитни средства, пакети со храна, како и донација на телевизори наменети за повеќе установи, витамински пакети за освежување на нашите херои – медицинските работници во повеќе болници. Mozzart продолжува и понатаму со хуманитарните активности низ кои обезбедува помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од оштеството.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Фудбалерот Дарко Чурлинов се ожени со Гркинката Филипа - свадба во Солун, игра сиртаки Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов се венча со грчката манек...
Фудбалерот Дарко Велкоски со сопругата Тамара Чуприна и двете деца ужива на одмор во Криопиги (фото) Парот го доби синот Ведран во февруари 2022, a Видан во јуни 2024 година. Сега, ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Сања Николиќ со поддршка за Слаткар, кој се откажа од парите за снимање на филмот: „Приказната зад к... „Повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.&n...

Најчитани неделава