НЛБ Банка ги објави најубавите детски цртежи во рамките на НЛБ Месецот на штедење

Скопје, 30 октомври 2020 НЛБ Банка денеска, во рамките на детскиот ликовен конкурс по повод НЛБ Месецот на штедење,  ги објави победничките цртежи на тема ,,Штедење и истражување на убавините на нашата земја“.  

nlb-banka-gi-objavi-najubavite-detski-crtezhi-vo-ramkite-na-nlb-mesecot-na-shtedenje-01.jpg

Овој конкурс Банката го организира традиционално по 9-ти пат и како и минатите години и оваа година тој имаше хуманитарен карактер. Банката за секој пристигнат цртеж  донираше парични средства, при што за ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје Банката ќе донира износ од 3.000 ЕУР.

Месецот на штедње започна на 25 септември, a во рамките на истиот децата на возраст од 5 до 15 години  имаа можност да цртаат на тема ,,Штедење и истражување на убавините на нашата земја“ и воедно  да ги споделат своите искуства и впечатоци од убавините и културните обележја на Македонија.

„НЛБ Месецот на штедење има посебно место во срцето на нашата Банка. За НЛБ семејството  октомври претставува асоцијација за најубавиот месец во годината бидејќи вообичаено го поминуваме во друштво со нашите дечиња. Оваа година, за жал, тоа задоволство моравме да го одложиме и целата интеракција со нив се одвиваше преку дигиталните канали и тоа заедно со јунаците од популарната ТВ серија „Дајте музика“ кои годинава ни се придружија во цртањето. Ликовниот конкурс секоја година на најмалите им овозможува не само да ги покажат нивните цртачки вештини туку и да научат нешто ново, а оваа година ги истражувавме убавините и богатствата на нашата земја. “, изјавија од Банката.

Конкурсот за цртање траеше еден месец, односно од 25 септември до 25 октомври. Тој беше отворен за сите деца на возраст од 5 до 15 години и имаше награден карактер, при што се наградени вкупно 30 деца. Дваесет од нив се избрани од страна на стручната жири комисија составена од наши реномирани уметници: Микица Трујкановиќ, Сергеј Андреевски и Филип Фидановски, а остантите десет се избрани од пошироката јавност преку гласање на веб страницата на Банката. Сите добитници од овој конкурс добија штедна книшка од НЛБ Банка со штеден влог од 3.000 денари.

Победничките детски цртежи и сите цртежи собрани во рамките на НЛБ Месецот на штедење може да се видат на online галеријата на овој ЛИНК

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава