Филипче: „Забраната за групирање најмногу важи за парковите кои беа преполни со огромни групи викендов“

Министерот Филипче одржа прес-конференција на која ја соопшти ситуацијата со болниците, новите мерки и можноста за нови рестрикции.

filipche-zabranata-za-grupiranje-najmnogu-vazhi-za-parkovite-koi-bea-prepolni-so-ogromni-grupi-vikendov-1.jpgфотографијата од Скопје е од 2017-та - Извор: depositphotos.com

Дел од неговата изјава:

Од денес во сите вакцинални пунктови започнуваат ванкцинација со бесплатна вакцина за сезонски грип, за сите ризични групи, веќе трета година по ред.

Од вчера започна и тестирањето во неколку пунктови, со брзите тестови, во 6 здравствени домови низ Скопје.

За тестирање со овие тестови, постапката исто така оди преку матичен лекар, кој ќе одреди дали треба да се тестираат со брз тест или со класичен ПЦР тест.

Во сите болници во државата освен во Струмица и Куманово, има слободни болнички кревети и пристап до кислород, се што е потребно.

Огромен е притисокот во изминатите денови, но со ова дополнително обезбедување на капацитети и оспособување на интерни одделенија, принцип на ротација, обезбедени се капацитети и за периодот кој доаѓа, имаме планови и за други интерни клиники и план за распоред на кадарот.

Во овој момент нема потреба да се менува системот за Мој термин, но спремни сме ако има потреба.

Вчера на седница на Владата донесовме уште неколку мерки, меѓу кои рестрикција за групирање повеќе од 4 луѓе во цело деноноќие со соодветни исклучоци. Беввме сведоци дека изминатиот период и покрај апелите имаше собири на јавните површини за време на викендите, токму затоа е оваа мерка.

Уште еднаш упатувам апел дека ова е тежок и комплексен период, мора сите да сме свесни, да почитуваме мерки, да не се групираме, да не излегуваме од дома освен ако нема потреба, болниците и кадарот се преоптеретени.

Потребна е поддршка за здравственте работници и високо ниво на свест, само така можеме.

Одговарајќи на новинарски прашања, Министерот појасни дека мерката за забрана на групирање нема да важи на места како пазар и јавен превоз, и секаде каде што веќе има јасни протоколи за работа, како спортски натпревари, настава на отворено или затворено и слично.

Тој вели дека целта на оваа мерка е да нема групирање на јавни површини пред сè во паркови.

„Кога ќе се затворат угостителските објекти после 21 часот, луѓето беа групирани пред објектите. Викендов имаше огромни групи во парковите преку ден, а токму тоа сакаме да го спречиме.“

На прашањето дали ќе има полициски час или карантин во одредени градови каде има пораст на новозаболени, Филипче одговори дека овие мерки се доволни, нема да има полициски час, ниту карантин во одредени градови засега, а ситуацијата постојано се прати и анализира од страна на Комисијата.

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава