НЛБ Банка со промотивна кампања за VISA Business картички за правни лица

НЛБ Банка од 20 ноември 2020 година започнува промотивна кампања за Visa Business картичките за правни лица која ќе трае до 20 декември 2020 година.  Во рамки на кампањата Банката нуди промотивни поволности за сите нови и постоечки корисници на Visa Business картичките.

nlb-banka-so-promotivna-kampanja-za-visa-business-kartichki-za-pravni-lica-01.jpg

Сите нови клиенти кои ќе аплицираат за Visa Business картичките во промотивниот период ќе ја добијат картичката без членарина за првата година, додека сите нови и постоечки корисници кои ќе направат најмалку 15 или повеќе трансакции во промотивниот период ќе бидат ослободени од членарината за основната картичка за следната година. Дополнително за овие корисници следува и подарок - изненадување од Банката.

НЛБ Visa Business картичките се наменети за правни лица за подмирување на секојдневните службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство,  подигнување готовина како и за сите оние правни лица кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби кои гласат на име на правното лице.

Повеќе информации за промотивната кампања клиентите може да добијат на веб страницата nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката,  на телефон 02/15 600 или во најблиската експозитура на Банката.

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...

Најчитани неделава