Лансирање на е-продавница за време на пандемија - како IQOS го претвори предизвикот во можност

lansiranje-na-e-prodavnica-za-vreme-na-pandemija-kako-iqos-go-pretvori-predizvikot-vo-mozhnost-01.jpg

„Нашиот иницијален план беше да се лансира IQOS на нашиот пазар во почетокот на април, но како ситуацијата со пандемијата стануваше сé посериозна, увидовме дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, со што стана јасно дека мора да се искористи времето од одложениот старт за да се подготви е-продавница и така со лансирањето на IQOS се започна и со онлајн продажба“. Ова го истакна Јана Дурнева, менаџер за дигитална поддршка и грижа за корисници на производи со намален ризик при Филип Морис Интернешнал на овогодинешната конференција за е-трговија, насловена „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“. Таа на учесниците на конференцијата го пренесе искуството од брзото прилагодување на новонастанатата ситуација со пандемијата која целосно ги промени сите планови за лансирање на IQOS, долгоочекуваниот електронски уред со несогорлив тутун и на македонскиот пазар.

Според Дурнева, благодарение на големината и обемното искуство и познавање кое стои зад Филип Морис, спроведувањето на планот за онлајн лансирање бил изведен во целост за 3 недели, со огромна посветеност и фокус на тимот и голема поддршка од ИТ секторот.

„Голем број активности беа превземени во време на lockdown, од времен контакт центар, кренавме веб страна со сите потребни информации, имавме неколку кампањи за доедукација на постоечките корисници. Нас lockdown-от не не парализираше, напротив, не направи пофокусирани на потребите на нашите корисници“, рече Дурнева.

Таа го истакна значењето на грижата за корисници кое, во услови на глобална пандемија и зголемување на бројот на онлајн продавници, е она што всушност ги одвојува е-трговците по квалитет и што гради одржлив и долготраен бизнис.

„Затоа моја топла препорака е дека едукацијата на корисницте и квалитетната персонализирана поддршка е она што ги прави корисницте на долг рок полојални кон брендот, објасни Дурнева.

Таа смета дека и пред пандемијата, постоеа навики за пазарење онлајн, но пандемијата само го забрза прифаќањето на навиките за дигитално пазарење. Онлајн продажбата стана новото нормално. Но не е доволно само отворање на е-продавница. Мора постојано да се работи на надградба, од најмали едноставни подобрувања до некои покомплексни, бидејќи само така една е-продавница може да биде успешна приказна.

Годинешнава, трета по ред конференција, на која учествуваа над 300 учесници, се одржа онлајн, а се дискутираше за адаптацијата кон е-трговијата за време на КОВИД-19, искуството на е-купувачите, нивната безбедност и можностите кои ги нуди прекуграничната е-трговија. Конференцијата е во организација на Асоцијацијата за електронска трговија на Македонија, на која воведно обраќање имаа американската амбасадорка Кејт Мери Брнс и д-р Нина Ангеловска во функција на Претседател на асоцијацијата.

Би можело да ве интересира:

Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Нашиот фотограф BadStef во Кина на -30°С: „За 4 минути ми смрзнаа трепките“ „Ги извадив очилата за сонце само на 4 минути и трепките и веѓите веднаш ми смрз...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...
Миа Костова: „Верувам во Господ, вербата не е снимање крстови и миси во цркви - тоа е интима“ „Се каам за неколку работи кои не вклучуваат интервенции, на пример, некои тетов...
Катарина Ивановска за светската кариера: „Не знаев ни да одам на штикли, на 17 години заминав сама в... „Не знаев ни да позирам, ни да одам на штикли, поим немав, влегов во нешто непоз...

Најчитани неделава