Yon Idy – „странецот“ од Скопје

„Како од Скопје?!“, „Па, ова звучи светски!“, „Мислев дека е некој странец“, „Светско, а наше“ – се дел од реакциите на луѓето откако ќе дознаат дека тој е домашен артист.

yon-idy-stranecot-od-skopje-01.jpg

Yon Idy, кантавтор од Скопје, ќе настапува во недела на фестивалот Таксират, кој ќе се пренесува онлајн и на МТВ3 цели 13 часови, започнувајќи од 11 часот. Тој ќе настапува со негови оригинални песни кои ги објавил досега, како што се Gentle, Walking the Line of Love, Waste No Love, Back Around, вклучувајќи ја и неговата прва објавена песна Hold Me Close.

Другата половина од репертоарот ќе биде исполнета со песни кои ќе ги изведува по првпат. Според Јон, ова претставува посебна прилика, вистинско место да го претстави својот труд, создаден во текот на изминативе неколку години.

yon-idy-stranecot-od-skopje-02.jpg

- Тоа е сцена на која во изминатите години настапувале артисти од целиот свет, концерти на кои сум присуствувал, на кои сум уживал и сум можел да видам нешто ново. Возбудлива е идејата дека и јас ќе бидам дел од оваа сцена. Како што се ближи денот, чувството станува сѐ повеќе надреално, ми се пружи можноста која ја чекав, да настапувам пред домашната публикавели Yon.

yon-idy-stranecot-od-skopje-03.jpg

Артистот за кого сите мислат дека е странец. Веројатно е тоа комплимент, но поважно е да го препознаеме овој талент, кој е меѓу нас. Следете ја неговата изведба и воодушевете се колку што ние се воодушуваме кога го слушаме. 

Линкови за stream:

https://www.facebook.com/TaksiratFestival/

https://www.facebook.com/pinmusicconference

https://www.youtube.com/channel/UC8ydTdTrIhFgNC2kDcRxmzA

Линк од настанот на Facebook:

https://www.facebook.com/events/388688219067177/

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Бетика од Ресен: „Од 9 години научив да возам трактор, семејно береме сливи, дрвцата ни се како деца... „Возам трактор од мојата 9-та година и благодарение на мојата фамилија со години...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава