Филипче: „Забранети прослави од работа, не се групирајте на слави и во викендици, “

Премиерот Заев изјави дека знае дека мерките не се популарни, но ова е време кога треба да одбележиме, не да славиме и апелира оние што изнајмуваат викендици да го поминат времето со семејството, не во групи, а Филипче потсети на новите рестриктивни мерки за време на празничниот период.

pres-konferencija-filipce-15-dekemvri-01.jpg

Министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Владата Зоран Заев, заедно одржаа прес-конференција со цел да ги соопштат одлуките на Владата поврзани со мерките против пандемијата, а ја искористија и приликата за почеток на кампања #ПразнувајОдговорно.

Дел од изјавата на Премиерот:

Почитувани, се наоѓаме пред нов предизвик од нашата битка со пандемијата со ковид-19, соочени со изборот да продолжиме со превентивните политики или да влеземе во ризик со неодговорно празнување, затоа Владата донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за нов пакет мерки за периодот од 18 декември до 20 јануари на полноќ, со цел да се избегне зголемување на број на заболени.

Се однесуваат на ограничување на работното време на угостителски објекти, забрана за организирање на предновогодишни и новогодишни прослави на отворено и затворено, дадовме и јасни препораки до верските заедници и до општините за рестораните во хотелските објекти.

Угостителските објекти ќе работат до 18 часот наместо до 21 часот. Целта е да издржиме сите уште малку пред ваквите рестрикции и да не дозволиме заради празнување да има ескалација. Мерката носи име „празнувај одговорно“, со цел заштита од ковид-19, во предвечерието на вакцинацијата. За сите други мерки ќе информира Филипче.

Јас да кажам неколку работи, ситуацијата налага акција и ние како одговорна Влада на која здравјето на граѓаните е во прв план, затоа преземаме мерки за верските и новогодишни празници, за кои времено Комисијата реагираше. Апелирам оваа година да празнуваме одговорно.

Ова е време кога треба да одбележиме, а не да славиме. Секој е повикан да биде одговорен за да не предизвикаме нов бран на епидемијата, сега кога сме на чекор од масовна вакцинација, по која очекуваме враќање во нормален живот

Знам дека мерките што ги усвоивме не се популарни, но нашиот, а и вашиот избор е ставен меѓу поединечниот и краткотраен интерес за време на празниците и конечниот излез од заканата и последиците од ковид-19, без последици.

Мора да одбереме меѓу задоволството и профитот од една страна и одговорноста и здравјето од друга страна. Досега не изостана помошта на најзагрозените сектори, вклучувајќи го и угостителството. Поддржени се 200.000 граѓани, вклучувајќи ги оние во угостителство и туризмот.

Во борбата со справување, секој ден сме чекор поблиску до ковид-10 вакцината. Преку Ковакс обезбедивме 803.000 вакцини, а дополнително ќе бидат обезбедени уште.

Оваа година нема да ги добиеме вообичаените економски придобивки од празниците, но ќе добиеме нешто поскапоцено, нешто што секогаш си го посакуваме при наздравување, среќни празници, за многу години нека е, првата желба секогаш ни е здравје - а другото ќе си дојде. Нека биде таа здравица и оваа година доминантна.

Дел од изјавата на Филипче:

Дозволете да информирам за неколку аспекти во врска со ситуацијата со корона вирусот во земјата.

Состојбата останува стабилна, но има голем број на заболени и хоспитализирани. Во просек изминатата недела, во болница се лекуваат 1300-1400 пациенти, но слободни кревети има. Бројот на слободни кревети е константен, добро се менаџира овој дел. Има околу 150 слободни кревети на територијата на целата држава

Вчерашната анализа на r0 факторот на преносливост, за првпат по долго реме тој е под 1, изнесува 0.95, но тоа не треба да нè опушти, уште има голема бројка на новодијагностицирани.

Не смее да си дозволиме тоа да доведе до влошување. Ја пратиме состојбата на регионот, иако има тренд на забавување, сепак има голем број на заразени и починати лица и во регионот.

Модуларните болници се во фаза на изработка, односно поставување. Во Гевгелија е завршена, сега следува во Штип, Битола, Кичево, Струмица.

Во однос на вакцините за корона вирусот, подготовката за прием, дистрибуција и вакцинација се одвива со одлична динамика. Фрижидерите за температура на -70 степени ќе стигнат во јануари.

Активни сме на 3 полиња за набавка - едниот КОВАКС системот со кој набавивме над 800.000 дози за 400.000 граѓани, а УНИЦЕФ се вклучува во помош за транспорт на вакцините до нашата земја. Разговаравме со грчкиот Министер за здравство и укажа дека нашата земја може да смета на дел од првата количина која ќе стигне во нивната земја. Третиот механизам е преку понудата на канцеларијата на Европската делегација кај нас, за што водиме интензивни разговори, како и оние со Pfizer како директни преговори. Вакцините ќе бидат бесплатни, приоритет имаат здравствени работници, пациентите над 65 години и пациентите со хронични болести.

Граѓаните да не подлегнуваат на лажни вести, вакцините се безбедни, тестирани, ја поминале фазата на развој, тоа е иста платформа за сите други вакцини. Јасно да кажеме дека примарна цел е заштита на населението и намалување на смртен исход од заболувањето со ковид-19.

И натаму е многу критично и во таа смисла Комисијата предложи нови мерки и Владата ги прифати:
- Скратување на работно време на угостителски објекти до 18 часот
- Забрана за новогодишни настани на плоштди од страна на општини
- Забрана за организирање прослави од страна на работни организациии
- Укажување на верски заедници да не повикуваат на масовни собири
- Препорака да нема собири по домовите и викендиците
- Апел да не се излегува по 18 часот без поголема потреба, за да се избегнат ризици од формирање групи

Ова е сериозен сегмент кој останува на свеста и совеста на граѓаните, нема механизам со кој ќе следи забрана, бидејќи интегритетот на домот е загарантиран со Уставот.

Целосно видео од прес-конференцијата:

фото: depositphotos/Facebook

Би можело да ве интересира:

Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...
Maкедонка, што живее во САД, го откри полот на бебето со натпис на куќата и украси во дворот - најср... „Бидејќи синот Адам (3) беше возбуден за тоа дека ќе биде голем брат, сакав дозн...
Врчак ужива на одмор во луксузен ресорт на море (фото) Пред извесен период најави нови музички проекти, а во меѓувреме Раде Врчаковски ...
Локал во близина на Демир Хисар со патки, лебеди, езерце и рурален амбиент е зелена оаза на мирот (ф... Со рурален шмек, среде прекрасна природа, далеку од градската врева... Овој лока...
Ќерката на Сара Мејс и Димитар го прослави 5-тиот роденден со тематска забава и торта на 3 ката (фот... „Во свет полн со Барби и Wednesday, горд сум што избра да бидеш Wonder Woman. Ср...
Лила и Биг Мама го истражуваат Сингапур – По влечки на аеродром, на молитва во будистички храм (фото... „Од авион се симна со папучиве и низ цел аеродром вака шеташе. Не можеш да не ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg