ОКТА прва компанија во државата со CoVid-Shield сертификат

(Скопје, 18.12.2020) – ОКТА АД – Скопје ги заврши сите потребни процедури за добивање највисоко ниво CoVid-Shield сертификат за работните простории и инсталацијата во Миладиновци. Со тоа стана прва компанија во државата која е акредитирана со овој иновативен сертификат.

okta-prva-kompanija-vo-drzhavata-so-covid-shield-sertifikat001.jpg

Од почетокот на пандемијата, приоритет на OKTA беа безбедноста на нејзините вработени, соработници и потрошувачи, поради што беа преземени сите неопходни мерки и имплементирани сите препорачани здравствени протоколи.

CoVid-Shield е независна постапка за сертифицирање, развиена од TÜV AUSTRIA Hellas и претставува интегрирана шема за сертифицирање чија цел е да ја зголеми довербата на граѓаните и потрошувачите во компаниите кои ја примениле и добиле сертификат согласно оваа шема. Во оваа смисла и со силно чувство на одговорност, општествена свесност и бизнис етика, ОКТА презеде итни активности од првиот ден на здравствената криза, со цел да создаде безбедна работна средина.

„Ние во ОКТА презедовме итни активности, применувајќи ги сите неопходни мерки за да ги заштитиме нашите вработени и клиенти. Ова е директно потврдено со добивањето на CoVid-Shield сертификатот. ОКТА останува на страна на своите вработени и потрошувачи, ставајќи ги на прво место безбедноста и одговорноста, при тоа гледајќи на иднината со внимателност и оптимизам“, изјави Вук Радовиќ, Главен извршен директор на ОКТА.

Сертифицирањето со CoVid-Shield се спроведе на групациско ниво при што во процесот на контрола беа опфатени сите подружници во петте земји во кои работи групацијата Хеленик Петролеум.

okta-prva-kompanija-vo-drzhavata-so-covid-shield-sertifikat01.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Прва пролетна прошетка“ - Дејан Манасков и сопругата со новородениот син уживаат во Битола Со капчиња во тон, Дејан Манасков и убавата Билјана Стојановска го шетаат својот...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...

Најчитани неделава