Dave's Kitchen со претпразнично изненадување за сите љубители на готвењето

За готвењето да биде поорганизирано, а воедно и да не губите време барајќи брзи рецепти кои ќе ги воодушеват вашите најблиски, Давор Панчевски од Dave’s Kitchen за крајот на оваа 2020та година подготви едно пријатно изненадување.

dave-s-kitchen-so-pretpraznichno-iznenaduvanje-za-site-ljubiteli-na-gotvenjeto-01.jpg

Тоа е новата веб страна www.daves-kitchen.com каде на едно место ќе најдете најразлични практични рецепти, идеи за декорирање на вашата трпеза, интересни приказни од патувањата на Давор и многу други корисни нешта кои ќе го направат Вашето готвење искуство за паметење.

- Изминатиов период напорно работев на неколку значајни проекти, меѓу кои и оваа веб страна. Таа е моето ново интимно катче во кое од сега, па натаму ќе ги споделувам рецептите од Dave’s Kitchen. Сите оние кои верно ме следат со години, повеќе нема да мораат да ги пребаруваат рецептите по објавите на Facebook и Instagram.

Наместо тоа направивме една интересна и прегледна веб страна, каде што на едноставен начин ќе може да прелистуваат по најразличните категории на храна и пијалаци и мошне лесно да го пронајдат она што го бараат.

Ме радува што успеавме да ја лансираме страната непосредно пред празниците и што оваа година полна со предизвици конечно ќе ја завршиме со нешто убаво, вели Давор.

dave-s-kitchen-so-pretpraznichno-iznenaduvanje-za-site-ljubiteli-na-gotvenjeto-3.jpg

Панчевски е креатор на брендот Dave's Kitchen, кој постои на македонскиот пазар повеќе од 5 години, а воедно и е автор на двата популарни готвачи - „Гответе насмеани“ и „Најдоброто од Македонската кујна“.

dave-s-kitchen-so-pretpraznichno-iznenaduvanje-za-site-ljubiteli-na-gotvenjeto-04.jpg

Од неодамна рецептите на Давор добија и свое видео издание кое што може да се погледне на неговиот YouTube“ канал, како на македонски, така и на англиски јазик.

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава