Запознајте ги Гранд милионерите!

Во просториите на Гранд кафе во Скопје беше одржан свечен прием на кој беа доделени главните награди од наградната игра „Стани Гранд милионер“.

zapoznajte-gi-grand-milionerite-01.jpg

На тој начин Гранд кафе забележа уште една успешна наградна игра која предизвика огромен интерес и во која секојдневно пристигнуваа голем број на пријави, а Гранд испрати вредни дневни и неделни награди во сите краеви на Rепублика Северна Македонија.

Меѓутоа, најголемата неизвесност и возбуда се чувствуваше пред финалното извлекување, на кое требаше да ги дознаеме имињата на тројцата Гранд милионери. Конкуренцијата беше огромна, бидејќи во финалното извлекување учествуваа сите дотогаш испратени, а недобитни кодови. Гранд кафе ги угости добитниците на главните награди со огромно задоволство и искажување на голема благодарност за нивната верност и лојалност, а што вели еден од добитниците можете да прочитате во изјавата подолу:

„Ова ми е прва награда од Гранд кафе и сум многу среќна што бев извлечена како Гранд милионер, особено поради тоа што ова кафе го пијам со години. Им благодарам на Гранд кафе што ми ја направија оваа година поубава. На сите им препорачувам да пијат Гранд каге и да играат и да веруваат во наградните игри кои ги организира Гранд кафе“, порача Силвана Цветковска од Куманово, една од добитничките на главна награда.

zapoznajte-gi-grand-milionerite-02.jpg

Гранд милионерите од Велес, Ново Село и Куманово ги пречекаа претставници на Гранд кафе, кои им се заблагодарија за учеството во наградната игра и свечено им ги врачија освоените награди.

„Гранд кафe и оваа година организираше наградна игра за своите потрошувачи,со цел да им се заблагодари за довербата. Драго ни е што нашите потрошувачи го препознаваат ова, особено затоа што сме домашен производ, произведен во Македонија, и го снабдуваме овој пазар со врвно кафе, се грижиме за нашите вработени и се обидуваме да инвестираме во заедницата во која работиме. Изборот на најдобри видови и зрна кафе е наш заштитен знак и сметаме дека инвестирањето во квалитет е основа на добри резултати “, изјави Виолета Митковска, менаџер на Атлантик Гранд Скопје, Атлантик Група.

zapoznajte-gi-grand-milionerite-03.jpg

Уживајте во вашиот омилен, добро познат вкус и мирис на Гранд кафе која за вас подготвува нови изненадувања како знак на благодарност за вашата долгогодишна доверба.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава