Отчет: Две и пол години Европска зоолошка - македонските ѕвезди кажуваат зошто ја сакаат Скопје ЗОО (видео)
- Детали
- вторник, 29 декември 2020
Изминатите две и пол години, Скопје Зоо доби нов лик, нови животни и многу новитети. Стана најпосетената институција во државата за 2019 и 2020, а на прагот сме да бидеме членка и на ЕАЗА ( Европска Асоцијација на акваируми и зоолошки).

Ова е дел од она што е направено во изминатиот период:
- Се изградија нови асфалтирани патеки и се поставија патокази и информативни таблички пред секое живеалиште
- Поставени се нови тоалети на две локации
- Зоо Скопје стана првата дигитализирана зоолошка на Балканот со зоо апликација, смарт клупи и онлајн продажба на билети
- Ги исполнуваме еко стандардите со електрични возила- мини бус, мини колички, електрични скутери и тротинети.
- Доизградени се живеалиштата за слонови и шимпанза
- Изградени се нови живеалишта за фламинга и пингвини
- Направена е Бејби Зоо, новото омилено место на најмалите
- Нови хортикултурни уредувања низ градината и редовно чистење на големите езера после 13 години
- Направивме Дино Парк со најголем број на диносауруси на Балканот- вкупно 41 диносаурус во природна големина, кои се движат и испуштаат звуци
- Имаме нови жители на Скопје Зоо, голем дел за првпат во нашата градина- Пингвини, фламинга, слонови, шимпанза, алпаки, двогрби камили, белоносести коати, ему птици, бели лавови, бели волци, африкански желки, верверички, папагали.
- Ново брендирање на влезот на градината
- Нови катчиња за фотографирање кои се омилени меѓу посетителите
- Реновирање на голем број живеалишта со цел подобори услови и благосостојба на животните
- Едукативни програми и Zoo keepers talk за викенди
- Нови детски игралишта и голема игротека на отворено за родендени
- Нови летниковци
- Јуниор авантура парк за деца
- Нови корпи за отпадоци кои сега ги има над 200 низ градината, како и нови клупи.
- Табли со кодекс за однесување, како и кампања за заштита на животните
- Работиме на заштита на дивите животни во соработка со светски организации како 4 Paws и нашето Министерство за животна средина
Зоо Скопје и понатаму ќе продолжи со проектот „Европска Зоолошка“ со поддршка од Градот Скопје.
Би можело да ве интересира:
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ...
Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а...
„Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео)
И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол...
Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з...
„Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми...
Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...