Андреа од Далма Кетеринг: „Готвиме со мерак и веќе 15 години сме дел од најзначајните мигови на нашите клиенти“

Таму нема „јас“, туку само „ние“, тие се тим кој веќе 15 години функционира како едно. Се работи посветено и со љубов, а резултатот се највкусните јадења, вредни за фотка на Инстаграм, во миговите кои се паметат цел живот. За нивното функционирање проговоривме со кетеринг менаџерот Андреа Атанасовска...

dalma-ketering-gotvime-so-merak-i-vekje-15-godini-sme-del-od-najznachajnite-migovi-na-nashite-klienti-01.jpg

За вкусовите не се расправа, но дека во Далма кетеринг секогаш ќе добиете врвен вкус и квалитетна услуга доказ е тоа што оваа компанија слави 15 години постоење на нашиот пазар.

Некој треба да ја заслужи вашата доверба, за да му дозволите да биде дел од најзначајните денови во вашиот живот, а тимот на Далма е успешен во оваа мисија веќе години наназад.

За меракот со кој готват и љубовта со која работат, проговоривме со кетеринг менаџерот Андреа Атанасовска:

Годинава прославувате 15 години постоење… Во што се крие вашата тајна, како опстанавте толку години на пазарот?

Кога Далма се отвораше во 2005, никој не можеше ни да замисли дека ќе славиме 15 години и дека ќе бидеме ова што сме денес. А што се однесува до прашањето како успеавме, би рекла дека и не е некоја тајна. Во најмала рака тоа е напорна работа, труд, посветеност и многу љубов.

Веќе 15 години се залагаме да бидеме пионери во полето на кетерингот, да воведеме најнови технологии и алатки за работа, да го понудиме она што другите го немаат и најважното од сè – секогаш да бидеме доследни во нашата професионалност и квалитет.

dalma-ketering-gotvime-so-merak-i-vekje-15-godini-sme-del-od-najznachajnite-migovi-na-nashite-klienti-02.jpg

Колку новонастанатите услови од пандемијата во оваа 2020-та беа предизвикувачки за вас? Како се справивте?

Апсолутно оваа година ги заслужи епитетите „предизвикувачка“ и „неизвесна“. Кај нас, Ковид-19 најмногу влијаеше на финиот кетеринг исклучиво заради рестрикциите и забраните за организација на настани. Моравме многу бргу да се адаптираме на новите услови и да создадеме еден нов начин на кетеринг кој би им го понудиле на своите клиенти.

Но една од позитивните работи на долгото постоење и работење на пазарот како Далма е искуството кое се акумулира низ годините. Благодарејќи на искуството, иновативноста и технолошката припременост, успеавме брзо да се регрупираме и да понудиме на пазарот нови производи и услуги кои ги запазуваат сите мерки за безбедност и заштита. „Celebration box“ и „Box-lunch“ кои се индивидуално спакувани кетеринг оброци, се покажаа како неверојатен успех на кој сме многу горди.

Колку ги следите најновите светски трендови во секојдневната работа? Што променивте од вашето појавување на пазарот пред 15 години до денес?

Не би можеле да работиме толку долго и да се развиваме континуирано ако не ги следиме светските трендови. Во денешната ера на социјални медиуми каде што сè треба да биде доволно добро за на „Инстаграм“, клиентите точно знаат што бараат и како сакаат да изгледа.

Доволно е едно пребарување на интернет да ве преплави со стотици идеи за изглед на храната, поставување, амбиент, декорации и слично. Така што да одговорам на вашето прашање: Ги следиме постојано.

dalma-ketering-gotvime-so-merak-i-vekje-15-godini-sme-del-od-najznachajnite-migovi-na-nashite-klienti-05.JPG

Која е вашата главна мотивација во работата?

Задоволната насмевка и благодарноста на клиентот. Нема поубаво чувство од тоа кога пред вас ќе се реализираат сите оние детали кои сте ги планирале, за кои сте губеле нерви, сон и сте работеле деноноќно да се остварат.

Организација на настани е навистина стресна работа и бара голема посветеност и честопати жртва од оној што ја работи. Не познава работно време, викенди, празници или слободни денови. Но, има нешто посебно и магично кога на крајот сè што сте работеле го гледате пред вас, кога сте дел од нечиј посебен ден.

Особено горда и среќна ме прави растењето со нашите клиенти и споделувањето многубројни среќни моменти со нив низ годините.

Вие сте им верен пријател на луѓето кога ги одбележуваат со прослави најубавите мигови од нивниот живот … Зошто луѓето имаат безрезервна доверба во вас за да ви дадат ваква одговорност?

Бидејќи со текот на годините Далма остана доследна на своите принципи за квалитет, професионалност, безбедност и иновативност, успеа за себе да создаде бренд кој веднаш асоцира на позитивно искуство. Клиентите многу лесно препознаваат во кој вреди да ги „доверат“ своите посебни моменти и ние сме навистина горди и благодарни. Чувствуваме голема одговорност да ја оправдаме нивната доверба во нас.

dalma-ketering-gotvime-so-merak-i-vekje-15-godini-sme-del-od-najznachajnite-migovi-na-nashite-klienti-08.JPG

За какви свечености ве ангажираат најчесто?

Мислам дека не би можела да издвојам бидејќи портфолиото на клиенти е многу разнолико, зависи кој период во годината е.

Од домашни слави, крштевки, свадби и матурски, до корпоративни настани од 30 до 1.200 лица, како и странски и домашни дипломатски приеми. Имаме видено сè.

Главната состојка при приготвувањето на секој оброк е …

Би сакала да кажам дека е љубов, но нема да звучам клише, па ќе кажам мерак. Што би рекле постарите, кога нешто се подготвува со мерак, тоа се чувствува во самата храна.

dalma-ketering-gotvime-so-merak-i-vekje-15-godini-sme-del-od-najznachajnite-migovi-na-nashite-klienti-06.JPG

Какви промени направивте во поглед на технологијата со која работите и иновацијата на полето на кетерингот?

Секоја компанија која сака да опстане и да биде успешна во својата гранка, мора постојано да се надоградува и да инвестира, како во технологијата така и во својот персонал. Мислам дека оваа 2020 година најсликовито ни потенцираше што се случува кога компаниите не се подготвени да се соочат со посериозни предизвици кои од нив бараат исклучителна технолошка подготвеност, како и воведување на највисоките стандарди за безбедност, особено во секторот за храна.

Кај нас, Ковид-19 најмногу влијаеше на финиот кетеринг поради рестрикциите и забраните за организација на настани. Што се однесува до процесите и технологијата на работа, ние постојано правиме надоградување и усовршување на нашите интерни системи за да бидеме целосно сигурни во нашите услуги.

Што се случува кога луѓе ќе ви се јават во последен миг со надеж дека ќе ја „спасите“ нивната прослава затоа што нешто тргнало во неочекувана насока? Успевате ли да се справите со вакви непредвидени ситуации?

Навистина многу зависи од повеќе фактори. Колку сме временски блиску до настанот и колкава е сериозноста на проблемот кој настанал. Многу често знаеме да „скокнеме“ и да помогнеме колку што можеме, но некогаш е едноставно доцна и технички неизведливо.

Затоа секогаш ги советуваме клиентите да побараат услуга на едно место како што е Далма или во најмала рака компании кои се веќе долго на пазарот и се имаат докажано како професионални и одговорни.

Некогаш тоа значи малку повеќе вложување од финансиски аспект, но избегнувате губење на време, стрес и нервоза. Тоа се работи кои никогаш не можете да ги наплатите.

dalma-ketering-gotvime-so-merak-i-vekje-15-godini-sme-del-od-najznachajnite-migovi-na-nashite-klienti-03.jpg

Колку сте подготвени да одговорите на специфичните барања од некои клиенти?

Флексибилноста е една од нашите главни одлики. Нема нешто кое не може да се направи. Секако, доколку тоа е физички возможно.

Често се шегуваме со колегите од организација дека Pinterest е нашата ноќна мора. Сè почесто се случува клиентите да имаат конкретни барања кои, за жал, во Македонија е логистички невозможно да се изведат или едноставно ги нема истите намирници и аксесоари кои би ги нашле во други поголеми држави. Но, најчесто клиентите го разбираат тоа и секогаш наоѓаме компромис во кој тие би го добиле тоа што го замислиле за својот настан.

Сметате ли дека декорирањето на храната е вид на уметност и кој е сегашниот тренд?

Апсолутно. Тоа е пред сè вештина на готвачот кој ја сервира храната и ја компонира естетски храната за да биде привлечна. Сите ние прво јадеме со очите.

Во последните неколку години огромен акцент се дава на едноставна и чиста естетика, која дава илузија на униформираност и ред додека храната привлекува внимание со игра на вивидни бои.

dalma-ketering-gotvime-so-merak-i-vekje-15-godini-sme-del-od-najznachajnite-migovi-na-nashite-klienti-04.JPG

Готвите ли на самото место на одредени настани? Имате ли кулинари со магични раце кои ги сметате за своевидни ѕвезди?

Многу често, особено на свадби, се случува да има готвење на самото место како уникатен момент. Под тоа подразбирам еден тип на поинакво искуство кое домаќините често сакаат да им го приредат на своите гости.

А што се однесува до вториот дел од прашањето, според мене нема „јас“ во тим. Секој вработен во Далма придонесува на свој специфичен начин и со тоа е дел од „магичната формула“.

Убавината кај нас е што рамо до рамо работи навистина разнолик тим составен од млади, енергични готвачи со меѓународно искуство кои активно следат светски трендови, како и вешти, докажани готвачи со долгогодишно искуство кои сè уште имаат што да покажат и да ги научат помладите колеги.

Веќе 2 години функционира вашиот сектор за индустриски кетеринг, која е вашата предност пред конкуренцијата?

Пред 2 години го направивме најголемото проширување досега, како во тимот, така и во портфолиото на услуги и во просторот. Се преселивме во супер модерен и опремен објект сертифициран со ISO 22000;2018 I HACCP во Скопје со 2 кујни, магацини и административен дел.

За првпат во Македонија, донесовме една технологија на „студен синџир“ кој гарантира целосна безбедност на храната која се носи. Би рекла дека главните предности во однос на конкуренцијата се нашата флексибилност и адаптабилност кон потребите на клиентот, како и човечките и технолошките капацитети со кои располагаме.

dalma-ketering-gotvime-so-merak-i-vekje-15-godini-sme-del-od-najznachajnite-migovi-na-nashite-klienti-09.png

Колку вработени има во вашата компанија и како го негувате тимскиот дух?

Во овој момент Далма брои скоро над 100 вработени. Најголемото проширување беше пред некои 2 години кога се отвори новиот сектор за индустриски кетеринг.

Една од главните цели од самиот наш почеток е вложувањето во вработените. Како семејна компанија, важно ни е да го одржуваме духот на заедништво и да создадеме чувство на едно работно семејство. Најголем дел од персоналот веќе со години е дел од тимот и знаат дека како компанија сме секогаш тука за нив, правиме сè за да се чувствуваат безбедни, вреднувани и почитувани.

Редовно се одржуваат обуки од различни сфери преку кои се подобрува работниот процес, се надоградуваат како професионалци и ги изучуваат најновите трендови на работа. Кога вработените се чувствуваат како дел од компанијата, тимскиот дух е неизбежен.

Кога ќе се спомене „Далма“, прва асоцијација би сакале да биде …

Професионалност, исполнителност, врвна услуга и квалитет. И секако, насмевка.

dalma-ketering-gotvime-so-merak-i-vekje-15-godini-sme-del-od-najznachajnite-migovi-na-nashite-klienti-07.JPG

Би можело да ве интересира:

Денеска е Воведение во храмот на Пресвета Богородица Пречиста – Што треба да направат жените што не ... Денес се слави денот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица, поз...
Родово заснованото насилство – комплексен проблем со единствено решение Секоја година, на 25 ноември, меѓународната заедница се обединува да ја повтори ...
„Запеј денес со мене!“ - Синот на Аки Рахимовски со емотивна објава за неговиот роденден „Одмори се од оние што те измориле и запеј со мене денес“ - синот на Аки Рахимов...
Перица и Елеонора од тетовско Јанчишта се свршија во бедуинско село во Египет (фото) „Се качивме на камили и тргнавме на кратка прошетка околу бедуинското село, а чо...
Антониа Гиговска во златен аутфит на свадба, 1 месец по породувањето – со сопругот гушнати и вљубени... Антониа Гиговска и нејзиниот сопруг се свадба - таа избра златен фустан со злате...
Славчо Попоски, метеоролог: „Во среда силно невреме, а од четврток заладување со снег на планините“ „Од четврток следува период на значително пониски температури (за повеќе од 10-1...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg