Позитива на денот: Бебиња облечени како новогодишни подароци – носат радост во 2021

Дефинитивно ни се потребни повеќе позитивни вести за среќен почеток на 2021, а фотките од бебиња облечени како новогодишни подарочиња во скопска болница ни ги греат срцата.

pozitiva-na-denot-bebinja-oblecheni-kako-novogodishni-podaroci-nosat-radost-vo-2021-01.jpg

Симбол за нов живот, радост и среќен почеток на новата година, за која сите се надеваме дека ќе биде поубава од претходната. Токму такви емоции будат овие фотки од бебиња облечени како новогодишни подарочиња на Одделот за неонатологија и интензивна нега во „Аџибадем Систина“.

Во буквална смисла, бебињата се најголем подарок за родителите и семејството, а од болницата добиле одлична идеја да го прикажат тоа на симболичен начин. 

На официјалната Фејсбук страна на „Аџибадем Систина“ беа објавени преслатки фотографии од бебињата за разубавување на првото празнично утро од 2021, а во описот стои:

Првото празнично утро во новата 2021 година беше вистинска радост за сите на Одделот за неонатологија и интензивна нега во „Аџибадем Систина“! Бебињата облечени како новогодишни подароци ги стоплија срцата на мајките кои со нетрпение чекаа да ги земат во прегратка, но и персоналот кој се грижеше за нив.

Малите ангелчиња направија несекојдневна глетка на нашиот оддел која е одличен почеток за новата година. Среќни сме што нашиот гест беше пријатно изненадување и симболичен почеток за новата година.

Со задоволство ги споделуваме фотографиите кои ја разубавија нашата нова година.

pozitiva-na-denot-bebinja-oblecheni-kako-novogodishni-podaroci-nosat-radost-vo-2021-02.jpg

pozitiva-na-denot-bebinja-oblecheni-kako-novogodishni-podaroci-nosat-radost-vo-2021-03.jpg

pozitiva-na-denot-bebinja-oblecheni-kako-novogodishni-podaroci-nosat-radost-vo-2021-04.jpg

pozitiva-na-denot-bebinja-oblecheni-kako-novogodishni-podaroci-nosat-radost-vo-2021-05.jpg

pozitiva-na-denot-bebinja-oblecheni-kako-novogodishni-podaroci-nosat-radost-vo-2021-06.jpg

М. М. | Црнобело / фото: Аџибадем Систина

Би можело да ве интересира:

Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Нашиот фотограф BadStef во Кина на -30°С: „За 4 минути ми смрзнаа трепките“ „Ги извадив очилата за сонце само на 4 минути и трепките и веѓите веднаш ми смрз...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...
Иван Босиљчиќ и Димитар Андоновски ја пеат „Ако одам во Битола“ на концерт: „Не знаев дека ќе ме вик... „За мојата Јелена да не се лути на мене што јас ја пеам нејзината омилена песна,...

Најчитани неделава