Пејачката Елена Петреска: „Конечно дома по 14 дена на Инфективно поради Ковид“

„Благодарна сум што ги гушкам моите најмили! Се чувствувам како повторно да сум се родила!“, вели Елена Петреска по престојот на Инфективната клиника.

pejachkata-elena-petreska-konechno-doma-po-14-dena-na-infektivno-poradi-kovid-01.jpgфото: Инстаграм

Пејачката Елена Петреска на својот Фејсбук профил отворено проговори за тешката битка со корона вирусот што ја водела изминатиов период.

Таа од срце им оддаде почит на докторите херои кои ѝ помогнале да го преброди овој тежок период.

pejachkata-elena-petreska-konechno-doma-po-14-dena-na-infektivno-poradi-kovid-03.jpg

Статусот на Елена:

„Конечно дома по 14 дена на Инфективно поради Ковид. Благодарам на Бог што сѐ помина добро! Благодарна сум што ги гушкам моите најмили! Се чувствувам како повторно да сум се родила!

Најискрено од срце се заблагодарувам на целиот медицински персонал од Инфективната клиника, тие се моите Херои за кои имам многу да раскажувам, зошто ако ништо друго барем тоа им го должам, да знаат сите што значи нивната посветеност и пожртвуванот во овие тешки времиња.

Сакам да ви кажам дека ја видов вистинската слика за тоа што значи оваа пандемија, која во целот ќе ја пренесам деновиве преку видео, во кое ќе раскажам за ова мое искуство со надеж дека ќе допре таму каде што е потребно.

И морам да кажам (иако секогаш сум ги почитувала правилата) дека зборовите на министерот за здравство Венко Филипче во целост имаат значење од оваа перспектива.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Најдоски ужива со сопругот во Пуља - На вечера во ресторан со Мишелин ѕвезда, марама Dior, јах... Од марама Dior во комбинација со бели очила и мини фустан за пловидбата со јахта...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Елена Ристеска скршена од болка: „Ах бре Пане, не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина“ „Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го нем...
Сања Николиќ и синот играат - Слаткар ги снима, Елена Велевска во подморница во Охрид: Што прават на... Бока Конга чука на конгите, а Србинките го гледаат со подотворени усти... Низа в...
Елена Ристеска прослави 40-ти роденден – блескаше во бел аутфит, Антониа и Весна Бејби пееја, па дув... Антониа Гиговска пее со Роки од бендот на Тоше, Весна Петрушевска пееше песна од...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...

Најчитани неделава