Македонка го покажа лицето со акни: „Излезете надвор со крената глава и без шминка“

„Со оваа порака сакам да им пружам поддршка на сите девојки што имаат проблем со акни. Не се срамете од оваа ситуација, излезете надвор без шминка …“, порачува Зои Блаж.

makedonka-go-pokazha-liceto-so-akni-i-isprati-mokjna-poraka-do-site-so-vakov-problem-01.jpg

Зои Блаж е шминкерка и пејачка која на својот Инстаграм профил, каде има повеќе од 17.000 следбеници, постојано прикажува каква моќ на трансформација има шминката.

makedonka-go-pokazha-liceto-so-akni-i-isprati-mokjna-poraka-do-site-so-vakov-problem-03.jpg

Овојпат таа одлучи без грам шминка на себе отворено да проговори за својот проблем со кожата и да им даде поддршка на сите девојки кои минуваат низ истото.

makedonka-go-pokazha-liceto-so-akni-i-isprati-mokjna-poraka-do-site-so-vakov-problem-02.jpg

Зои Блаж во описот на фотографијата напиша:

„Со оваа порака сакам да им кажам и пружам поддршка на сите девојки што имаат проблем со АКНИ … Не се срамете од оваа ситуација, сакајте се себе онакви какви што сте, излезете надвор со крената глава и без шминка, кога ќе ве праша некој еј што ти е со лицето? – Насмевнете се и кажете им ќе помине.

Иако имаме проблем со акни и не можеме да ги излечиме толку брзо, морате да имате трпение, самодоверба, да ширите љубов бидејќи и тоа е еден вид на лекување. Не се заморувајте со негативни коментари и не им замерувајте на таквите.

Оние што сакаат да прашаат во врска со лицето, бидете помеки не ги повредувајте – прашајте нè дали имаме болка, како сме, дали треба да ни помогнете. Бидејќи ако нè напаѓате и навредувате покажувате колку сте НЕ луѓе.

Девојки заедно сме посилни, во секое време пишете ми, ВЕ САКАМ“

Повеќе фотки од Зои:

Прочитајте и „Мислев дека ако правам вежби за задник, тогаш тој ќе исчезне“ - драстична трансформација на Македонка

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава