Млади планинари снимија мечка на Шар Планина: „Беше на 200m од нас, тоа ни е највозбудлив момент“ (видео)

Млади планинари кои го водат профилот @timelessviews.mk успеаја да уловат на камера несекојдневна глетка – мечка која трча над Попова Шапка, а за CRNOBELO.com велат дека тоа е еден од највозбудливите моменти во нивниот живот.

mladi-planinari-snimija-mechka-na-shar-planina-beshe-na-200m-od-nas-toa-ni-e-najvozbudliv-moment-video-01.jpg

Природата во Македонија нуди неверојатни искуства за оние кои ќе одлучат да ги напуштат домовите и да ги истражуваат убавините на нашата земја.

Неретко по планините може да се забележи и животинскиот свет, а на Шар Планина деновиве беше „уловена“ мечка која трча по планината, над Попова Шапка.

mladi-planinari-snimija-mechka-na-shar-planina-beshe-na-200m-od-nas-toa-ni-e-najvozbudliv-moment-video02.jpg

mladi-planinari-snimija-mechka-na-shar-planina-beshe-na-200m-od-nas-toa-ni-e-najvozbudliv-moment-video03.jpg

Видеото заедно со фотографиите од мечката беа објавени на Инстаграм профилот кој го водат 4 момци, кои сакаат да искачуваат планини и да споделуваат фотки од погледи кои мора да се доживеат. Екипата е составена од Џоле (фотограф), Џоџо (GoPro снимател), Борис (хајкер) и Алекс (уредник).

Ги контактиравме да ни кажат нешто повеќе за искуството:

„Планот ни беше да направиме тура од Попова Шапка до врвот антени. На само 20 минути од кога тргнавме на околу 200 метри пред нас се појави мечка.

На почеток не знаевме како да изреагираме ни беше чудно и малце страв. Имавме две опции или да се повлечеме или да направиме фотографии, но размисливме разумно дека вистинскиот избор е да пробаме да ја фатиме на видео.

За среќа тоа ни успеа и доживеавме еден од највозбудливите моменти во нашиот живот.“ – изјавија за CRNOBELO.com од timelessviews.mk.

М. М. | Црнобело / фото: timelessviews.mk

Би можело да ве интересира:

Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...

Најчитани неделава