Сухејб (5) си оди дома здрав по 9 месеци хемотерапија во Детската клиника во Скопје - скока од радост (видео)

Овој мал херој 9 месеци водеше жестока борба со тешката болест, но сега својот триумф над неа го означи со ѕвонење на ѕвончето во Детската клиника во Скопје.

suhejb-si-odi-doma-zdrav-po-9-meseci-hemoterapija-vo-detskata-klinika-vo-skopje-skoka-od-radost-video-01.jpg

На профилот на министерот за здравство Венко Филипче и на Детската клиника осамнаа фотографии и видеа на кои малиот Сухејб скока од радост затоа што си оди дома здрав по 9 месеци хемотерапија во Детската клиника во Скопје.

suhejb-si-odi-doma-zdrav-po-9-meseci-hemoterapija-vo-detskata-klinika-vo-skopje-skoka-od-radost-video-02.jpg

„Јас сум здрав и сакам дома! Вака извика петгодишниот Сухејб кој после 9 месеци хемотерапија си заминува од Клиниката за детски болести.

За овој херој денес аплаудиравме со директорката Аспазија Софијанова и целиот тим.

Голем да растеш, Сухејб“, напиша Венко Филипче.

Од Детската клиника пак порачаа: „Вака се скока од радост кога после 9 месеци си одиш дома здрав!“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...

Најчитани неделава