Moќта на братската љубов - Фризерот Адо Мурис Хамзиќ му помага на братот кој е лице со попреченост (видео)

Адо Мурис Хамзиќ уште еднаш докажува дека е човек со срце планина. Фризерот со магични раце објави неколку видеа на кои посветено вежба со својот брат кој е лице со попреченост и докажува дека поддршката од најблиските е најважна во животот.

mokjta-na-bratskata-ljubov-frizerot-ado-muris-hamzikj-mu-pomaga-na-bratot-koj-e-lice-so-poprechenost-video-01.jpg

Во повеќе пригоди е докажано дека Адо Мурис Хамзиќ од HairDo салонот во Скопје e човек кој има навистина магични раце и огромно срце.

Неговата трпеливост, пристапот кон клентите и начинот на кој ја работи својата работа се воодушевувачки.

На Инстаграм профилот на салонот редовно се воодушевуваме на довербата која ја имаат во него најмалите и најмилите.

Но, сега тој објави неколку видеа кои се доказ дека тој навистина е човек со срце планина.

Адо Мурис Хамзиќ прикачи видеа на кои вежба со својот брат, кој е лице со попреченост. Тој вежба посветено, трпеливо и е доказ дека најважно од сѐ во животот е да им бидеме поддршка и ветер во грбот на нашите најблиски.

Миа Костова на оваа тема сподели на Инстаграм стори:

„Малкумина ја знаат неговата приказна. Јас ја знам од првиот ден. Го сакам не затоа што е најдобар во тоа што го прави, туку затоа што е Човек со големо Ч.

Целиот мир кога шиша деца со хендикеп или нетипичен развој во една рајска атмосфера е резултат на неговата љубов кон брат му. Затоа што е столб со крв на раце за сите што се во оваа соба во која е вака посветен откако го има брат му. 30 години и засекогаш.

Косата моја е ирелевантна кога е во прашање љубовта моја кон него како за брат кој никогаш не сум го имала.“

mokjta-na-bratskata-ljubov-frizerot-ado-muris-hamzikj-mu-pomaga-na-bratot-koj-e-lice-so-poprechenost-video-02.jpg

Потоа и самиот Адо на профилот на салонот HairDo на Инстаграм стори објави:

„Хендикеп е поим што означува состојба на намалени физички или ментални способности што ги доведува индивидуите во нееднаква, а честопати и подредена позиција во однос на другите.

За лицата со различни форми на попреченост се користи современиот израз „лица со попреченост“ или „лица со посебни потреби“ што укажува на специфичен пристап кон етиологијата на нарушувањето, но и пристап кон нивното зајакнување за подобро лично и социјално функционирање.“

mokjta-na-bratskata-ljubov-frizerot-ado-muris-hamzikj-mu-pomaga-na-bratot-koj-e-lice-so-poprechenost-video-03.jpg

Видеа од тренинзите на Адо со неговиот брат:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Братот на тапанарот Ѓорѓи од ДНК си го истетовира неговиот лик: „Бевме неразделни, сега ќе биде секо... „Со моите родители минуваме низ најтешкиот пат. Сега тетоважата најмногу ме врзу...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...

Најчитани неделава