Македонска новинарка со емотивна исповед: „Ова сум јас, се сликам без перика, од кога знам за себе живеам со алопеција“

„Од кога знам за себе живеам со алопеција. Пред 3-4 години некако проценив дека баш во 2021-ва ќе ја извадам периката (која и да е и каква и да е) и ќе се сликам без неа - со коса, кратка...“, ја почнува својата емотивна исповед Цеце Николова.

makedonska-novinarka-so-emotivna-ispoved-ova-sum-jas-se-slikam-bez-perika-od-koga-znam-za-sebe-zhiveam-so-alopecija-01.jpgФото: Мартина Трајковска /Инстаграм

Цеце Николова веќе години наназад работи како новинар низ разни македонски медиуми, а позната е по тоа што сака да прави промени во стилот. Некогаш ја гледаме како бринета со боб фризура, другпат како долгокоса русокоса.

Сега, младата македонска новинарка собра храброст и отворено покажа и проговори со што се соочува.

Позираше без каква било перика на себе и кажа дека откако знае за себе живее со автоимуната болест алопеција.

Нејзината емотивна исповед ја пренесуваме во целост:

„Хај. Мала дигресија. Сакав да ви кажам нешто.

Ова сум јас. Драго ми е што се упознаваме.

Од кога знам за себе живеам со алопеција. Пред 3-4 години некако проценив дека баш во 2021-ва ќе ја извадам периката (која и да е и каква и да е) и ќе се сликам без неа - со коса, кратка.

Ама, кај мене никогаш нешто планирано не се десило. Одувек.

Пркни малку, падни многу, пркни повеќе - падни највеќе.

2021-ва дојде. Ја, еве, се сликам без перика. 

Ова сум јас, луѓе.

makedonska-novinarka-so-emotivna-ispoved-ova-sum-jas-se-slikam-bez-perika-od-koga-znam-za-sebe-zhiveam-so-alopecija-02.jpgФото: Мартина Трајковска / Инстаграм

Малку се преморив од перики и све што носат тие со себе. Многу внимавање, многу стрес (непотребен) - мрежа се гледала, корен немало, се лизга, ќе ми падне, овој ме гледа, оној примети, онаа рекла се занасам нешо...

Среќна сум што имам алопеција, зошто од неа не се умира! Само, еве, изгледам како што изгледам. Ама, фала богу што изгледам како што изгледам.

Ова не е ништо друго освен многу работа на себе, многу, многу стрес преживеан, многу работи извадени од под тепих - заборавени една деценија, и вртење на еден нов, многу вистински животен лист.

И, стварно нема поубаво од кога ќе се прифатиш каков што си.

Ама нека не ве лажат, лесно не е ич.“

Секоја чест за храброста на Цеце и за тоа што со својата јавна исповед охрабрува многу луѓе кои се соочуваат со истото да говорат јавно и да ја прифатат својата состојба, а најважно од сѐ да знаат дека не се сами.

Повеќе фотографии од Цеце на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Македонска свадба на плажа во Грција – се игра оро, ечи „Ти донесов млада невеста“ (видео) Србин воодушевено од терасата на својата хотелска соба на 13-ти септември сними ...
Исповед на Македонка: „Се породив за 5 минути во болница во Берово и по неколку часа нè пуштија дома...  „Ги заспав децата, му кажав на сопругот да си одмори и тој, а јас дома, на...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
Наташа Фигурела: „Сите сакаме пари - јас сум хедонист, сакам луксуз, скапи чанти, убав автомобил“ „Сите сакаме пари... Јас сум хедонист. Сакам убаво да јадам, убаво да шетам... М...

Најчитани неделава