Македонка искрено за својата драстична трансформација до фит тело и совршени облини

„На почеток се соочував со многу негативни коментари од типот, жена си не треба да креваш тешко, што си станала во 6 кога можеш да поспиеш, си станала мајка помири се со изгледот итн.“, раскажува Емилија Манџуковска.

makedonka-ja-prikazhuva-svojata-drastichna-transformacija-do-fit-telo-i-sovrshen-zaoblen-zadnik-01.jpg

Емилија Манџуковска има повеќе од 5.800 следбеници на нејзиниот Инстаграм профил, каде промовира вежби, здрав начин на исхрана и балансиран животен стил.

Таа е мајка на две деца и вели дека сега изгледа и се чувствува подобро отколку кога била помлада.

„Најголем предизвик во животот ми е кога некој ќе ми каже дека нешто не можам или е невозможно. Сѐ е до желбата што ја имате за да направите подобра верзија од себе. Да мајка сум, и да, имам две деца, и сакам да изгледам убаво.

Мислам дека оваа трансформација е доволно добра за да ве мотивирам вас за да направите нешто за себе. Да си фит не мора да имаш sixpack, фит е да бидам здрава и да имам здрави навики во животот кои ќе ги пренесам на моите деца.

На почеток се соочував со многу негативни коментари од типот, жена си не треба да креваш тешко, што си станала во 6 кога можеш да поспиеш, си станала мајка помири се со изгледот итн.

И да бев старата јас, која се замараше со секој што ќе каже, можеби немаше да дојдам до тука кај што сум сега. Со текот на годините во мојот живот сфатив дека не е потребно јас да ги задоволувам останатите, туку само себе и луѓето кои ме сакаат и ги сакам, само нивното мислење ми значи. Цени се самата и престани да зависиш од коментарите на другите.

makedonka-ja-prikazhuva-svojata-drastichna-transformacija-do-fit-telo-i-sovrshen-zaoblen-zadnik-02.jpg

Верувајте секој може да направи резултат, но и мора да разберете дека тоа не може да биде за 1 месец и дека тоа не може да биде без добра исхрана. Сѐ е поврзано. Не очекувајте дека за еден месец ќе поништите сѐ што сте му правеле на вашето тело со години.

Меѓутоа со доволна дисциплина и со истраен тренинг резултатот е неизбежен.

Така што жени, сакајте се самите, нека не ве интересира туѓото мислење, бидејќи тие не живеат во вашето тело. Ако си задоволна со самата себе одиш напред и не се вртиш.

Ова е моја трансформација која е изградена 80% во домашни услови и 20% теретана. Во моментов програмата ја работиме во теретана и се надевам на уште подобар резултат.“

Повеќе фотки од Емилија на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
„По 48 години брак, моите родители се венчаа во манастир во Македонија - ден кој нема да го заборави... „Знаеш ли колку сум среќна што ќе се венчаме пред вас за да си споделиме убави с...

Најчитани неделава