Јасмина Шилегова: „Луѓе со големо срце, вдомете го Рекс, заслужува семејство кое добро ќе се грижи за него!“

„Пред неколку дена кучето нас нè најде. Почна да се појавува од нигде никаде и да нè прати додека ние го шетавме нашиот Тоби. Кучето имаше ремче околу вратот, беше многу мирно и послушно но веќе валкано и со стуткано крзно“.

jasmina-shilegova-lugje-so-golemo-srce-vdomete-go-reks-zasluzhuva-semejstvo-koe-dobro-kje-se-grizhi-za-nego-01.jpg

„Прво мислевме дека има сопственик но после неколку вечери кога случајно ќе се појавеше констатиравме дека кучето е најверојатно напуштено. Мирно и тивко неколку вечери се појавуваше по нас, ние го храневме, му дававме водичка и се надевавме дека сепак од некаде ќе се појави неговиот сопственик. Во меѓувреме ги проверивме сите групи каде сопствениците си ги бараат изгубените кучиња.

Денес преплавени од емоции повеќе не сакавме да го оставиме на улица бидејќи таква добра и мирна душа не ни може да се снајде по улиците. Го однесовме во Лајка. Во моментов кучето Рекс (така го завика деновиве ќерка ми) е на третман во Лајка. Рекс немал чип. Тој е две годишен, не е болен, сите анализи се ок. Премногу е мирен, разбира и послушува кога му се обраќаш.

Ваква мирна душичка заслужува семејство кое добро ќе се грижи за него, а верувам дека тоа ќе им возврати со многу љубов. Рекс ќе биде вистински убавец по сите третмани што ќе ги добие деновиве во Лајка и потоа ќе може да се вдоми. Ако познавате луѓе со големо срце што сакаат да споделат многу љубов со оваа убава душичка може да ме исконтактираат или директно да одат во Лајка за да се уверат колку е Рекс добар, мирен и полн со љубов.

П.С. Сè уште сум во шок какви луѓе постојат. Ако не сте спремни да споделувате љубов не земајте кучиња!“

Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...

Најчитани неделава