Состојба до 04.05.2021: Регистрирани се само 67 новозаболени од 1169 тестирања

sostojba-do-4-maj-2021-.jpgфото: depositphotos.com

Во последните 24 часа се направени 1169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на Ковид 19 во:

-Скопе 28
-Куманово 8
-Гостивар и Охрид по 4
-Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Штип по 3
-Струга, Кичево и Ресен по 2
-Свети Николе и Кратово по 1

Пријавено е вкупно 31 починато лице: 9 од Скопје (42г,64г,68г,68г,72г,73г,77г,77г,86г), 4 починати лица од Тетово (66г,73г,75г,78г), 3 починати лица од Велес (64г,72г,73 г), по 2 починати лица од Битола (43г,68г), Охрид (45г,87г), Струга (54г,64г) и Берово (43г,82г) и по 1 починато лице од Куманово (59г), Прилеп (70г), Кавадарци (82г), Кочани (63г), Радовиш(60г), Виница (67г) и Пробиштип(71г). Од починатите, 28 се во болнички, а 3 во домашни услови.

Регистрирани се 782 оздравени пациенти од:

-Скопје 267
-Струмица 151
-Кавадарци 54
-Прилеп 43
-Битола 40
-Куманово 29
-Валандово 23
-Штип 22
-Неготино 15
-Велес и Охрид по 14
-Кочани 13
-Крива Паланка 12
-Виница 11
-Тетово и Гевгелија по 9
-Свети Николе и Делчево по 8
-Гостивар 7
-Кичево и Пробиштип по 5
-Демир Капија 4
-Радовиш, Крушево и Македонска Каменица по 3
-Богданци и Кратово по 2
-Струга, Ресен, Берово, Македонски Брод, Пехчево и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 726.409 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.814, бројката на оздравени пациенти е 134.653, на починати е 4.992, а бројот на активни случаи изнесува 13.169.

Би можело да ве интересира:

Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...
Потег за почит! Градинарот Андреј (25) сам расчистува делови од Скопје: „Чистам 2-3 пати неделно, мн... Состојбата на некои места во Скопје допринесе за тоа да почнам сам да расчистува...
Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патека кој... Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:...

Најчитани неделава