Запознајте се со процесот: Како се рециклира стаклото?

Одговорното постапување со отпадот од стакло кој го генерира вашето домаќинство или бизнис е секогаш процес кој бара одредено ниво на информираност за да се реализира правилно.

zapoznajte-se-so-procesot-kako-se-reciklira-stakloto-01.jpg

Рециклирање на стакло, или обработката на стакло, е процес на претворање на стаклениот отпад во употребливи производи. Тоа вклучува миење, дробење и топење на искористеното стакло пред да се обликува одново во форма на шишиња и тегли. Овој циклус може да се повторува бесконечно, без да се загуби квалитетот на крајниот производ. Но, што сѐ вклучува процесот на рециклирање на стаклото?

Околу 70% од целото амбалажно стакло во нашата земја кое влегува во продажба може да биде рециклирано, доколку заврши на соодветното место. А од исклучителна важност е да заврши во рециклажните погони, бидејќи во спротивно стаклото претставува само неупотреблив отпад кој се разложува многу тешко во природата (повеќе од илјада години за едно стаклено шише целосно да се разложи). За среќа, стаклото кое може да се рециклира не ги губи своите својства и може да се рециклира и реупотребува одново и одново. Важно е пред рециклирање да се отстрани целата керамика, бидејќи таа прави проблем при рециклирање. А порцелански садови да не се фрлаат во контејнери за стакло!

Во нашата земја, како и насекаде околу светот, постојат посебни собирачи на стаклен отпад кои го обезбедуваат неговиот пат од садот за одложување до рециклажниот погон. Па така, Пакомак го зема отпадот и го испраќа низ процесот на рециклирање, а сѐ што вие треба да направите претходно е да го одложите стаклениот отпад во зелените игло-контејнери специјално наменети за него. Благодарение на активната едукација на темата, секоја година сѐ повеќе луѓе почнуваат активно да рециклираат, што беше сигнал дека е потребно да се зголеми и бројот на садови за одложување на стаклен отпад. Од таа причина беше започнат и регионалниот проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан”, преку кој е предвидено набавување на нови контејнери за стакло и нивно поставување во повеќе пилот општини во три балкански земји, а кој е во организација на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), додека како локални партнери учествуваат Пакомак и Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС). Целта на проектот е да го зајакне и да го следи процесот на рециклирање во трите држави каде се спроведува, како и да ги искористи стекнатите сознанија за да воспостави одржлива стратегија за собирање на стаклен отпад во иднина.

Откако стаклото ќе се најде во рециклажниот погон, тогаш започнува вистинската работа. Таму, стаклените материјали (кои најчесто се скршени и здробени пред да стигнат во погонот) поминуваат низ специјален третман на отстранување на сета пластика и хартија од нив, а потоа сите случајно залутани метални парчиња се одвојуваат од отпадот со помош на магнет. Потоа, истото се дели и се сортира според бојата, пред да биде внимателно измиено за да се елиминираат сите нечистотии од него. Стаклото потоа се крши и се дроби, пред да биде стопено на висока температура и ставено во калапи кои ќе го обликуваат во комплетно нови производи, како тегли и шишиња.

zapoznajte-se-so-procesot-kako-se-reciklira-stakloto02.jpg

Уникатните својства кои ги поседува стаклото го прават овој материјал толку разноврсен и апликативен, па затоа целта е да се рециклира што поголем дел од стаклото кое се употребува. Едно просечно македонско семејство користи околу 500 стаклени тегли и шишиња. Ако ја земеме предвид горенаведената информација дека 100% од стаклената амбалажа може да се рециклира и да се реупотреби, тогаш просечното македонско домаќинство кое рециклира може да ги употребува истите 500 тегли и шишиња до крајот на животот. Со добро менаџирање на стаклената амбалажа која ја купувате и одложување на истата можете да го претворите вашето домаќинство во одржлива заедница со нула отпад од стакло. Бидете одговорни, селектирајте иднина!

Би можело да ве интересира:

Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Иван Јованов стана татко - со саканата ѝ дадоа уникатно име на ќерката Пејачот Иван Јованов вчера (26.03) стана татко, а неговата сопруга Ивана на свет...
Познати Македонци коишто зад себе имаат (барем) по еден брак Кои познати Македонци зад себе имаат по еден, а кој по 4 неуспешни бракови? Кој ...
Христијан ја запроси Џесика пред црквата Св. Јован – Канео во Охрид: „Тргнавме на прошетка и да запа... „Христијан ме запроси кога никој не очекуваше. Сите мислеа дека ќе ме запроси ко...
Благој од Кочани ја запроси саканата Вероника на Малдиви - Романтика на плажа покрај Индискиот Океан „Бевме на одмор на Малдиви кога Благој ме побара за сопруга. Иако сме заедно веќ...
Уникатно запросување на врвот на Шар Планина – Стефан и Софија од Скопје се свршија на надморска вис... „Стефан чекал еден месец да го изработат прстенот, сакал да е рачна изработка, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg