Отворен нов булевар во Скопје - Босна и Херцеговина е завршен од почеток до крај

Скопје, 19.05.2021 година - Денеска официјално се пушти во употреба новозавршената делница на булеварот Босна и Херцеговина во северниот дел на Скопје.

otvoren-nov-bulevar-vo-skopje-bosna-i-hercegovina-e-zavrshen-od-pochetok-do-kraj-01.jpg

На прес-конференцијата по повод отворањето на булеварот се обрати градоначалникот Петре Шилегов.

- Денеска ги пуштаме во употреба последните 500 метри од новопроекрираниот булевар Босна и Херцеговина кој се спојува со булеварот Словенија. За реализацијата на овој капитален проект од Буџетот на Град Скопје се потрошени околу 100 милиони денари со пресметан ДДВ. Вложувањето на овие средства создаде услови за сериозен развој на инфраструктурата, но и сериозен развој на градот во северниот дел и е дел од концептот за кој јас зборував со граѓаните во текот на 2017 година, секундарниот северен прстен - изјави Шилегов.

otvoren-nov-bulevar-vo-skopje-bosna-i-hercegovina-e-zavrshen-od-pochetok-do-kraj-08.jpg

Тој додаде дека некогашната улица Босна и Херцеговина била изградена пред 40-тина години и оттогаш асфалтот не бил променет, а улицата била широка само 7 метри.

- Сега имаме еден најсовремен по сите светски и европски стандарди булевар, широк 40 метри, со пешачки и велосипедски патеки по целата негова должина, коловозот е веќе спремен, пешачки и велосипедски патеки исто така, ни преостанува во следниот период да го уредиме и средишното булеварско зеленило. На овој булевар поставивме и ново лед осветлување. Новиот булевар за овој дел од градот ќе биде значителен инпут за неговиот развој, особено ако се има предвид дека се спојува со булеварот Никола Карев кој е во завршна фаза, како и со клучката кај Момин поток којашто треба да почнеме да ја градиме во текот на јули – кажа Шилегов.

otvoren-nov-bulevar-vo-skopje-bosna-i-hercegovina-e-zavrshen-od-pochetok-do-kraj-02.jpg

Станува збор за целосно нов булевар со вкупна должина од околу 1.700 метри, ширина од 40 метри, со 6 коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки, средишно и странично зеленило од двете страни и ново улично осветлување, од булевар Словенија до булевар Христијан Тодоровски Карпош. Новиот булевар Босна и Херцеговина заедно со булеварот Словенија ќе ги поврзува Карпош, Бутел, Шуто Оризари и Чаир, а заедно со новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош за жителите на овој дел од градот ќе претставува побрз излез до скопската обиколница. Развојот на сообраќајната инфраструктура во северниот дел од градот во голема мера освен што ќе ја унапреди мобилноста на населението во овој дел од градот, ќе значи и создавање на услови за подобрување на работата на локалните бизниси кои функционираат на овој потег.

otvoren-nov-bulevar-vo-skopje-bosna-i-hercegovina-e-zavrshen-od-pochetok-do-kraj-03.jpg

Градоначалникот Шилегов, исто така, им се заблагодари на жителите на општините Бутел, Чаир и Шуто Оризари за трпението за време на изградбата на булеварот и нагласи дека чекор по чекор Скопје прераснува во град со развиена и одржлива урбана мобилност што подразбира безбеден и ефикасен сообраќај и почиста животна средина.

На настанот, покрај градоначалникот Шилегов беа присутни и Фатмир Битиќи вицепремиер за економски прашања во владата на РСМ, градоначалниците Висар Ганиу на Општина Чаир и Велимир Смилевски на Општина Бутел, претседателката на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева и советници во Советот на Градот.

otvoren-nov-bulevar-vo-skopje-bosna-i-hercegovina-e-zavrshen-od-pochetok-do-kraj-04.jpg

Вицепремиер за економски прашања во владата на РСМ, Фатмир Битиќи, изјави дека ова е многу важна и фреквентна сообраќајница која поврзува четири општини, односно Чаир, Бутел, Карпош и Шуто Оризари и дека ова ќе им го олесни животот на нивните граѓани.

otvoren-nov-bulevar-vo-skopje-bosna-i-hercegovina-e-zavrshen-od-pochetok-do-kraj-05.jpg

otvoren-nov-bulevar-vo-skopje-bosna-i-hercegovina-e-zavrshen-od-pochetok-do-kraj-06.jpg

otvoren-nov-bulevar-vo-skopje-bosna-i-hercegovina-e-zavrshen-od-pochetok-do-kraj-07.jpg

otvoren-nov-bulevar-vo-skopje-bosna-i-hercegovina-e-zavrshen-od-pochetok-do-kraj-09.jpg

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
„Бев на концертот на Петар Грашо и Дорис Драговиќ во Скопје - Зошто Дорис (64) е вистинска дива и пр... „Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми...

Најчитани неделава