Нов градски дрворед: Раззелени булеварот Гоце Делчев кај МРТВ

Со засадување на дрворед од 58 висококвалитетни садници покрај булеварот  Гоце Делчев  денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, симболично ја почнаа пролетната сезона на садење за оваа година.

nov-gradski-drvored-razzeleni-bulevarot-goce-delchev-kaj-mrtv-01.JPG

-  Висококвалитетни дрва го формираат новиот дрворед на булеварот  Гоце Делчев каде што во изминатиов период го обновивме нискостеблестото зеленило не само  во средишната жардинјера, туку и страничното на површина од над 9.100 квадратни метри. Вие знаете дека во изминатиот период сериозно работевме на подобрување на квалитетот на зеленилото во градот, само високостеблести дрвја во периодов имаме засадено околу 18 илјади. Во изминативе три години обновивме над 260 квадратни  метри зеленило, и минатата година го срушивме рекордот со изградба на преку 100. 000 квадратни метри на нови и обновени зелени површини. Во исто време паралелно на повеќе локации низ нашиот град се  врши обновување на постојното зеленило, а се формира зеленило и на новите  четири булевари - рече Шилегов.

nov-gradski-drvored-razzeleni-bulevarot-goce-delchev-kaj-mrtv-06.JPG

Тој додаде дека на општо задоволство Скопје чекор по чекор се претвора во зелена престолнина  каква што скопјани заслужуваат, односно со високи европски стандарди на уредување на зеленилото коешто е под ингеренции на Градот.

На овој зелен коридор, од двете страни на коловозот и во средишното зеленило на булеварот Гоце Делчев, годинава ќе се засадат вкупно 571 садници, од кои зимзелени се 75, листопадни 28, а 468 садници грмушки. Изминатата 2020 година на овој потег се засадени вкупно 1013 садници, односно 150 зимзелени, 28 листопадни, и 835 садници грмушки и перени.

nov-gradski-drvored-razzeleni-bulevarot-goce-delchev-kaj-mrtv-02.JPG

nov-gradski-drvored-razzeleni-bulevarot-goce-delchev-kaj-mrtv-03.JPG

nov-gradski-drvored-razzeleni-bulevarot-goce-delchev-kaj-mrtv-04.JPG

nov-gradski-drvored-razzeleni-bulevarot-goce-delchev-kaj-mrtv-05.JPG

nov-gradski-drvored-razzeleni-bulevarot-goce-delchev-kaj-mrtv-07.JPG

nov-gradski-drvored-razzeleni-bulevarot-goce-delchev-kaj-mrtv-08.JPG

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Гоце Тодоровски по 50 години брак: „Сакав жени, а и жените ме сакаа - само молев Бога сопругата да н... „Јас не изневерував. Јас едноставно бев со жени, се дружевме, не го сметав тоа з...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Гоце Тодоровски (74) стави тетоважа - Ангелски крилја по изјавата дека тајна за успешен брак е „да и... „Огромна чест ни е што денес тетовиравме една огромна легенда како Гоце Тодоровс...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...

Најчитани неделава