По педесет години се реконструираат патеките во вториот дел на Градскиот парк

Скопје, 04.06.2021 година - Почна реконструкцијата на патеките во вториот дел на Градскиот парк што долго време беа запуштени, а текот на активностите градоначалникот Шилегов ги најави и објасни на денешната прес-конференција.

po-pedeset-godini-se-rekonstruiraat-patekite-vo-vtoriot-del-na-gradskiot-park-01.jpg

- Денеска Градот Скопје преку ЈП Улици и патишта започнува голема реконструкција на патеките во таканаречениот нов дел од паркот. Градскиот парк е формиран некаде 1930 година, а овој дел е изграден во 1970 година, и од тогаш ние немаме сериозна интервенција во овој дел од паркот. Како што и самите добро знаеме станува збор за сериозно руинирани и сериозно девастирани патеки што веќе стануваат и критични за безбедноста на граѓаните.

Во минатото често се зборувало за реконструкција на овој дел од паркот, вие како што знаете успеавме во овој дел на паркот да направиме и тартан патека, да ги обновиме сите пешачки мостови и сега ги обновуваме главните патеки.

Станува збор за инвестиција во вредност од 20 милиони денари и очекувам површината од 20 илјади квадратни метри, што овде ќе ја работиме, да биде готова во наредните 35 до 40 дена, со што овој дел од паркот ќе добие целосно нов изглед имајќи предвид дека со овие активности е предвидена и целосна замена на канделабрите, поставување на нови клупи и канти за џебен отпад за кои сме сведоци дека недостигаат, така што од средината на јули овој дел од паркот ќе има целосно нов лик - рече Шилегов.

po-pedeset-godini-se-rekonstruiraat-patekite-vo-vtoriot-del-na-gradskiot-park-02.jpg

Тој додаде дека новите патеките коишто ќе бидат направени ќе ги испровоцираат скопјани уште почесто да го посетуваат паркот и да уживаат во него и во новите стандарди и услови што тој ќе им ги нуди.

Градот Скопје континуирано работи на уредување и обновување на зеленилото и на патеките во паркот, но и на зголемување на безбедноста, бидејќи така се создаваат услови скопјани да уживаат во неговите убавини.

po-pedeset-godini-se-rekonstruiraat-patekite-vo-vtoriot-del-na-gradskiot-park-03.jpg

po-pedeset-godini-se-rekonstruiraat-patekite-vo-vtoriot-del-na-gradskiot-park-04.jpg

po-pedeset-godini-se-rekonstruiraat-patekite-vo-vtoriot-del-na-gradskiot-park-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава