Oд утре се укинува полицискиот час

200334993_2710731265900556_8219447089278539653_n.jpg

Владата на денешната 79-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе следните одлуки, кои важат од 16 јуни 2021 година (среда):

Престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија;

Се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите;

Се дозволува одржување на настани на отворено со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до максимум 1000 посетители;

Дозволено е организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, наместо максималните 100 гости како што беше до сега;

Донесен е заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.

 

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска потресена од сцената кај „Пулс“ во Кочани, Лестер прослави Mладенци: Што прават на... Давид Темелков имаше прв солистички концерт во Скопје и за првпат за некого си р...
Аделина Тахири му прослави 7-ми роденден на синот со луксузна забава - се појави во чевли налик на б... Аделина, како и секогаш, воодушеви со стајлингот - овој пат избра црн фустан со ...
Јелена Јованова прослави 10 години во брак, Лара Иванова го покажа дечкото: Што прават нашите ѕвезди... Бока Конга сподели неколку фотки од плажа и го покажа мускулестото тело, а фотог...
Христина Пан прослави 8 години брак - објави свадбени фотки и ужива со 3-те ќерки, откако едната се ... По борбата со неплодност и ракот на една од близначките, Христина во прекрасна а...
Миа Костова за изгледот: „Првпат ставив ботокс на 30 години, се каам за некои импулсивно ставени тет... „Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат. ...
Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...

Најчитани неделава