Започнува пријавувањето за 17тиот Виз Ер Скопски Маратон 2021

Месец октомври и оваа година посветен на најмасовниот спортски настан во Македонија

zapochnuva-prijavuvanjeto-za-17tiot-viz-er-skopski-maraton-202101.JPG

29.06.2021 - Организаторите на Виз Ер Скопски Маратон 2021, со полна пареа работат на овогодинешното 17то издание на маратонот, кој низ годините прерасна во најмасовен спортски настан и од година во година привлекува се поголем број на учесници.

Од настан кој се организираше еден ден во годината, оваа година изненадување за тркачите и љубителите на спортот е тоа што маратонот ќе се реализира како дводневен настан.

Виз Ер Скопски Маратон 2021 ќе се одржи на 2ри и 3ти октомври, а почнувајќи од денес, 29 јуни 2021 година, од 10:00 часот официјално започнува пријавувањето на учесниците, кое ќе биде отворено до 15 септември 2021 година, односно до пополнување на предвидениот број на учесници. 2ри октомври, оваа година ќе биде резервиран за трката на 5км, со старт од 17:00 часот, а во недела, на 3ти  октомври, од 8:00 часот наутро ќе се трчаат маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт.

Од организацијата информираат дека сите тркачи кои поради пандемијата, своите пријави за маратон и полумаратон од 2020 година ги префрлиле за 2021 година, преку електронска пошта ќе добијат код за регистрација, за да може да ја искористат бесплатната котизација за настанот оваа година. Доколку некој биде спречен повторно да не учествува и оваа година, ова право ќе може да го искористи за маратонот во 2022 година. Оние учесници кои биле пријавени за трката на 5КМ во 2020 година, која беше одложена, автоматски ќе се префрлат за оваа година со истиот стартен број кој го добиле.

Пријавувањето за Виз Ер Скопскиот Маратон 2021 може да се направи на официјалната веб страна www.skopskimaraton.com.mk, каде може да се најдат и сите други информации за настанот.

Организаторите на маратонот, Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје ги повикуваат сите љубители на спортот и трчањето, да ја искористат можноста и да се пријават на овој спортски настан.

Трката ќе биде организирана според безбедносните протоколи и препораки утврдени од Владата и Комисијата за заразни болести, со цел заштита на учесниците и организаторите.

Повеќе информации можат да се најдат на:

 http://skopskimaraton.com.mk/ и https://www.facebook.com/skopskimaraton/.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...

Најчитани неделава